Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски во интервју за хрватски Пословни Дневник вели дека јахтата која полицијата му ја заплени пред неколку години, во моментов ја користи претседателот Иванов за да „се вози по езерото“
„Имав јахта која во Охридско Езеро пловеше под италијанско знаме, па морав на секои 6 месеци со дигалка да ја вадам од езерото, да ја носам до Албанија и пак потоа да влезам во земјава. Еднаш задоцнив и полицијата по итна постапка ми ја зема јахтата, без право на жалба. Им реков: Што не ми рековте дека ви треба, па јас ќе ви ја подарев. Како па да не, стана јахта на претседателот на државата. Јас ја купив јахтата, а сега тој на неа ги поминува своите годишни одмори – изјавил Костовски за Пословни.
Меѓу другото, Костовски смета дека враќањето во Македонија било лош деловен потег. Во Македонија вложил 150 милиони евра, а уште 50 милиони ги дал во добротоворни цели.
Јахтата на Костовски му ја заплени Секторот контрола за истраги при македонската Царина во 2008 година. Таа беше увезена во јули 2003 година преку граничниот премин Меџитлија со италијански регистарски таблички. Му беше запленета од приватното пристаниште пред хотелот Бисер во Струга.
Тогаш царинската управа изјави:
-Во документите стои дека јахтата ја увезел странски државјанин. Според нашиот закон во рок од 6 месеци, поточно во јануари 2004 година требало да ја изнесе јахтата од земјава затоа што се работи за привремен увоз или пак да плати царина. Бидејќи тој не го направил ни едното ни другото, истата е запленета.
Подоцна јахтата се најде на лицитација. Продажбата беше објавена на сајтот на Агенцијата за управување со конфискуван имот. Почетната цена на пловниот објект што беше запленет пред две години, е 1 000 000 денари или 16 200 евра.
-Моторна јахта со кокпит, марка ГОББИ 315 СЕ, должина 9,45 м, година на производство 2002, дополнителна опрема: 9 елеци за спасување, радиокасетофон ПИОНИР, рачна батерија ПХИЛИПС, микробранова, мини правосмукалка, церада за покривање. Почетна цена 1 000 000 денари” – стоеше на страницата на Агенцијата.
Но огласот набрзо по објавувањето беше повлечен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи