| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструирани автобуските на Партизанска кај Буњаковец

av

Екипите на Градот Скопје денеска го асфалтираат автобуското стојалиште „Соборен храм“ на булеварот Партизански одреди, кое се реконструираше изминативе неколку дена. Во увид на градежните работи беше градоначалникот Коце Трајановски.

Како што соопшти Град Скопје, во текот на градежните работи беше изгребан стариот вдлабнат и оштетен асфалт на должина од 120 метри, беше извршена санација на долниот тампонски слој и беше вградена полимерна мрежа. Финалниот асфалтен слој што се нанесува е од типот Сплит Мастикс 16.

Во текот на изминативе денови екипите на Град Скопје го реконструираа и автобуското стојалиште пред Порта Буњаковец, на булеварот Партизански одреди. Постојниот вдлабнат и оштетен асфалт на ова автобуско стојалиште беше изгребан на должина од 70 метри, се изврши санација на долниот тампонски слој, беше вградена полимерна мрежа и беше нанесен нов асфалтен слој од типот Сплит Мастикс 16.

На реконструкцијата работеа екипи на градежната компанија ДПТУ „Ескаватори“ МК ДООЕЛ, а Градот Скопје за овој зафат одвои вкупно околу 6,8 милиони денари.

Во наредниот период Градот Скопје ќе работи на реконструкција на уште три автобуски стојалишта – пред Градежниот факултет и отспротива, на булеварот Партизански одреди, како и пред автобуската станица кај спортската сала во Автокоманда, на булеварот Александар Македонски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top