Младата германска тениска ѕвезда Александер Зверев е победник на Мастерсот во Рим, кој е последна проверка за најдобрите светски тенисери воочи Ролан Гарос. По поразот на Надал од Доминик Тием, втората голема сензација се случи попладнево на „Форо Италико“.
Зверев го надигра Ѓоковиќ и со еден брејк во првиот и два во вториот сет, славеше со 6-4, 6-3 го освои првиот Мастерс во кариерата.
Ѓоковиќ не успеваше да најде решение за подобрата измена на Германецот, кој покажа и неверојатна ментална стабилност. Србинот остана на 30. Мастерс титули, исто колку и Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.