Елина Свитолина од Украина е победничка на Мастерс турнирот во Рим, откако во финалето ја победи Симоне Халеп од Романија со пресврт (4-6, 7-5, 6-1).
Украинката го препушти првиот сет на противничката, која одлично го започна финалето и најави втора победа на турнир на земјена подлога, по онаа од пред една недела во Мадрид,
Но, моментот се префрли на страната на Свитолина во вториот и третиот сет, а особено во последниот, кога и дозволи на Романката да добие само еден гем.
Свитолина во два наврати го одзеде сервисот на Халеп во одлучувачкиот сет и на крај заслужено се радуваше на победата.
Ова е најголемиот успех за 22-годишната тенисерка од Одеса и трета ВТА титула во својата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.