Екипата на Јувентус веќе неколку години супериорно владее во италијанскиот фудбал, па реди титули како во Купот така и во Серија А.
Колекцијата на трофеи во средата беше збогатена со славјето над Лацио во финалето на Копа Италија, додека пак викендов може да биде заокружена таа надмоќност со пехар во шампионатот.
Тоа може да се случи во текот на утрешниот меч кога „бјанконерите“ го дочекуваат Кротоне, но отворена е и опцијата и без борба уште денеска да има славје во Торино. Имено денеска своите мечеви од 37. рунда ги играат Рома и Наполи, па ако тие не обезбедат триумфи над Кјево, односно Фиорентина тогаш приказната за оваа сезона ќе се заврши уште вечерва.
Ако пак Рома ремизира на гости во Верона тогаш Јуве ќе треба да освои барем бод против Кротоне зошто „волчицата“ е подобра во меѓусебните дуели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.