| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ќе го прави Стивен Сигал заштитно лице на руските пушки

Русија реши дека сака да биде прва на светскиот пазар за оружје, а во тоа ќе му помага акционата легенда.

Стивен Сигал ќе биде заштитното лице на руската индустрија за оружје во меѓународната маркетинг кампања за нејзина промоција, барем така се надева заменикот премиер Дмитриј Рогозин, кој денеска се сретна со акциониот ветеран.

Инаку руските власти се големи обожаватели на Сигал, кој во март се сретна и со претседателот Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top