| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешната сопруга на Путин живее од палата поголема од Белата куќа

Поранешната сопруга на Путин, Људмила, формира здружение, а и денес има големо влијание во него, кое во сопственост ја има историска зграда во Москва, која на тоа здружение му овозможува милионска заработувачка од кирии. Ројтерс дојде до информации дека за реновирање на зградата помогнале пријателите на Путин, а кириите се слеваат во проватна форма во сопственост на лице со исто име како и поранешната сопруга на Путин, Људмила Александрова Шкребњова.

Се работи за палатата „Волкански“, која се наоѓа во историскиот дел на Москва. Некогаш била благородничка палата, а сега е во сопственост на Центарот за развор на интерперсонална комуникација (ЦРИК), здружение кое го основала Људмила во 2002 година. Самото здружение во палатата има неколку канцеларии, но остатокот од зградата се издава. Меѓу закупците се и две големи државни банки.

Самата палата има речиси 6.000 квадрати и е малку поголема од Белата куќа. Интересно е дека некогаш била во сопственост на генералот Николај Волкански, дедо на славниот руски писател Толстој.

palata volkanski

Кириите редовно ѝ се исплаќаат на фирмата „Меридијан“, а таа е 99%  во сопственост на компанија под името „Интерсервис“. Оваа, пак, компанија е во сопственост на жена која се вика Људмила Александрова Шкребњова. Ројтерс самиот признава дека не успеале да најдат дефинитивни докази дека навистина се работи за поранешната сопруга на Путин и дека не станува збор само за невидена случајност. Освен тоа, постојат и други докази дека поранешната прва дама на Русија и сопственичката на „Интерсервис“ се една иста личност. Постојат докази дека поранешна сопственичка на „Интерсервис“ била Олга Александрова Цомајева, а едно време руските медиуми пишуваа дека ѝ е сестра на поранешната прва дама на Русија.

Освен тоа, останатиот 1% од „Меридијан“ е во рацете на Татјана Шестакова, поранешната сопруга на Василиј Шестаков, стар пријател на Путин и негов спаринг партнер.

Тешко е да се процени колку пари се влеваат во буџетот на Људмила само од кириите. Познато е дека банката ВТБ плаќа повеќе од 2 милиони долари годишно, а ако се погледнат финансиските извештаи на „Меридијан“ невозможно е да се процени колки пари вкупно заработува од станарина и колку од тие пари му се ислаќаат на ЦРИК. Сето тоа се вклопува во начинот на кој се работи во Путинова Русија, каде што луѓето блиски на претседателотимаат големи привилегии и добро заработуваат од државни договори, заеми, и други бенефиции од државните компании.

palata volkanski

Ројтерс потсетува дека зетот на Путин, Кирил Шамалов, набрзо откако се ожени со ќерката на Путин стана милијардер и младиот брачен пар купи вила во Франција.

Новиот сопруг на поранешната сопруга исто така добро поминал. По кариерата остварена во организирање настани и тој се збогати, па сега е сопственик на вила веднаш до вилата на зетот на Путин во Франција, која наводно вредиоколу 6 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top