| четврток, 6 декември 2018 |

Точно на пладне „Вози право, вози здраво“ од порта Македонија до Градскиот парк

Во Скопје денеска ќе се одржи третата ревијална трка „Вози право, вози здраво“ vol. 3. со цел подигнување на свеста за позитивните ефекти од користењето чисти транспортни средства.

Трката ќе почне во 12 часот од порта „Македонија“, каде учесниците може да си ги подигнат бројчињата или да се регистрираат за учество на пултовите веќе од 11 часот. Најавено е да учествуваат околу 2.000 граѓани кои се регистрирани во една од категориите: велосипеди, детска трка, ролерки/тротинет/скирол или родители со бебе количка.

Организаторот на трката е Стопанска банка Ад Скопје.

Заедно собраните извозени „метри“ ќе бидат повторно преточени во донација на урбана опрема, фокусирана на развивање сообраќајна и велосипедска култура.

Во Градски парк, зад споменикот на Гоце Делчев ќе биде поставена бина на посетителите со забавни содржини, како настапот на Beta House, претстава со Тања Павловска Кочовска, ќе има игри, подароци, предизвици…

Согласно законските прописи и поради обезбедување максимална заштита на учесниците од 11 до 13 часот ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка во центарот на Скопје, од порта „Македонија“ до Градски парк преку улиците „Димитрије Чуповски“, „Даме Груев“ и „Илинденска“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top