Автомото сојузот на Македонија известува дека денеска од 17 часот ќе биде воспоставен специјален сообраќаен режим поради одржувањето на ревијалната трка „Вози право, вози здраво 2“.
Насоките на движење ќе бидат означени со соодветна сигнализација, а ќе бидат пренасочени улиците: „Јуриј Гагарин“, „Франклин Рузвелт“ и булевар „Илинденска“.
Организаторот на ревијалната трка ги замолува учесниците во сообраќајот да ја имаат оваа информација во предвид при планирање на движењето во централното градско подрачје и да внимаваат на безбедноста на учесниците во ревијалната трка (велосипедисти, деца и родители со бебе колички). За безбедноста и регулирањето на сообраќајот ќе се погрижи СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.