Прегазен човек речиси половина час лежел на раскрсницата пред Градска болница спроти Зелениот пазар во центарот на Скопје.

Очевидци кои и ги испратиле овие фотографии за Прес24 , тврдат дека човекот беспомошно чекал Брза Помош повеќе од половина час иако болницата е на само 20 метри од него. За среќа, човекот ја преживеал несреќата во која бил прегазен од таксист.

За случајот се уште нема официјална потврда од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


