Шведското jавно обвинителство денеска соопшти дека донело одлука за прекин на истрагата против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во врска со обвинувањата за силување.
BREAKING: Sweden has dropped its case against Julian Assange and will revoke its arrest warrant
Background: https://t.co/UHj8QtwrTh
— WikiLeaks (@wikileaks) May 19, 2017
– Јавниот обвинител на Шведска Марјан Њу реши да ја прекине истрагата против Џулијан Асанж за тврдењата за силување, се наведува во соопштението на обинителството.
— Julian Assange (@JulianAssange) May 19, 2017
Со ова, најверојатно, се става крај на седумгодишната правна борба меѓу 45-годишниот Асанж и шведското Јавно обвинителство.
Асанж од 2012 година се крие во еквадорската амбасада во Лондон, каде што доби азил, со цел да избегне екстрадиција во Шведска, каде досега му се закануваше судење по обвиненијата на две жени за силување.
Тој ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека цел на оваа истрага е да биде екстрадиран во Шведска, која потоа би им го предала на САД, каде што е обвинет за објавување на тајни и доверливи информации преку неговата мрежа „Викиликс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.