| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски го предаде мечот во Унгарија

tomislav_jotovski_trening

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е запрен во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Замарди, Унгарија, откако го предаде мечот на шпанскиот тенисер Никола Кун.

Кун водеше со 6:1 и 3:0 во вториот сет, пред Јотовски да се повлече. Очигледно дека претходните два маратонски мечеви кои ги одигра Томи влијаеја, а играше и во двојки, па веројатно дека повредата го спречи да го доигра и овој дуел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top