Турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло“ за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија, инвестиција вредна 6 милиони евра со која ќе се овозможи директно вработување на 200 лица, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Договорот за инвестицијата се потпиша вчера, а градбата ќе почне во јули и ќе се протега на 6.700 метри квадратни. Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра и ќе овозможи вработување на 200 луѓе во првата фаза, а размислуваат и за втора фаза. Истата компанија во Турција има фабрика која се протега на 14.000 метри квадратни – рече Груевски по денешната обиколка на пречистителната станица во Волково, општина Ѓорче Петров.
Компанијата, додаде, ќе призведува кабли и други електрични инсталации за автомобили, автобуси, возила во градежниот сектор и други возила и механизација.
– Најголем добавувач ќе им биде компанијата „Ванхол“ која ја привлековме од Белгија да инвестира во Македонија, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека „Ванхол“ е магнет за привлекување и на други странски компании во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски