| четврток, 6 декември 2018 |

Барање од навивач на Бешикташ до Карлеуша: Јелена немојте да имате секс со Душко!

jelena karleusa

Англискиот,САН” излезе со многу интересна статија во врска со Душко Тошиќ, фудбалерот на Бешикташ кој е сопруг на познатата српска пејачка Јелена Карлеуша. Брачниот пар добил молба од навивачите и тоа многу сочна. Молбата е брачниот пар да немаат сексуални односи во наредните три недели.

Барањето од навивачот го сподели Карлеуша на твитер и стана хит на интернет.

-Јелена, во наредните три недели Ве молам да немате сексуални односи со Тошиќ! После три недели имајте секс и спијте со него колку сакате. Бешикташ мора да биде шампион – гласеше твитот.

karleusa i tosic

Душко Тошиќ на целата оваа ситуација слатко се изнасме и додаде дека во моментов Јелена не е во Турција.

– Иако опсипан сум со прашања и коментари кои немаат врска со фудбалот, јас сум кажал и сега ќе повторам дека не сакам да зборувам за мојот приватен живот, а плус и не е момент кога се бориме за титулата, да отвораме теми кои само му носат штета на клубот. Целата оваа ситуација со мојата сопруга е смешна, но еве да не се секираат навивачите, Јелена не е во Турција, таа е во Белград и се рехабилитира од извршената операција – дециден беше Тошиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top