| четврток, 6 декември 2018 |

Демирхисарец починал по пад од покрив, местел антена на куќата

Четириесет и осумгодишниот Б.М. од Ново Село, Демирхисарско вчера починал откако паднал од покрив, местејќи антена на семејната куќа.

Како што соопшти денеска МВР,  Б.М. се лизнал и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди. Со возило бил однесен во Клиничката болница во Битола каде била констатирана смрт.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top