| четврток, 6 декември 2018 |

Мостовој крена огромна прашина: Играчите на Селта ќе добијат големи премии ако го победат Реал

aleksandr mostovoj

Голема прашина се крева пред можеби клучниот меч на сезоната во Примера дивизија во борбата за титулата пред гостувањето на Реал Мадрид кај Селта во Виго.

„Кралевите“ се приморани да бркаат три бода на гостувањето на „Балаидос“ кое инаку оваа сезона беше кобно за Барселона, а бидејќи вечерашниот меч во Виго има огромно значење за и воедно за трофејот во Примера/

Вчера во прв план се најде изјавата на градоначалникот на Виго кој порача дека Селта ќе им ги помати сметките на арогантните мадриѓани, но ова утро дефинитивно во врвот на јавноста е изјавата на легендарниот Александр Мостовој. Поранешниот руски фудбалер е во свежо сеќавање на шпанската јавност по своите осум сезони кои ги мина како член на Селта во периодот од 1996 до 2004 година, а сега токму тој ги здрма медиумте во оваа земја со нагласувањето дека играчите на Селта ќе добијат премии од Барселона доколку остварат триумф вечерва против фаворизираниот Реал.

– Дали се ветени актовки за евентуална помош од страна на Барса? Секако дека да, верувам дека има такво ветување. Зошто да не, на Барселона и зависи лигата од овој меч, мене како професионален играч ми даваа премии за одредени победи. Мислам дека и сега станува збор за ист случај со играчите на Селта. Понекогаш многу пари можете да заработите ако сте во долниот дел од табелата и учествувате на некои важни мечеви за титулата. Како и да е, јас типувам на мојата Селта, а Реал Мадрид и Барселона нека завршат како сакаат – истакнал Мостовоj за „Ок Диарио“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top