| четврток, 6 декември 2018 |

Бензема за „Лекип“: Се уште ме излудуваат измислиците на Валбуена

bezema i valbuena

Карим Бензема се прикажа во најдобро светло на полуфиналната пресметка со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и беше најзаслужен за позитивниот резултат кој го оствари Реал на гостувањето на „Висенте Калдерон“, но додека неговиот фудбалски блесок се најде во фокусот на шпанската спортска јавност, фанастичниот напаѓач проговори за својата најболна страна во ексклузивното интервју за „Лекип“.

Бензема во разговорот за угледниот француски медиум се отвори за големиот инцидент со Метју Валбуена за кој е обвинет како потенцијален изнудувач на пари од својот поранешен репрезентативен колега, тужба од која напаѓачот на Реал се уште се брани и допрва ќе треба да се одбрани пред судот во Франција.

Напаѓачот конечно одлучи да проговори за оваа комплексна тема и да ја даде својата верзија, а правејќи го тоа сериозно „распали“ по својот поранешен соиграч кого го обвини за непотребни измислици кои му создаваат огромни проблеми.

– Се започна од него, се што е кажано црно за мене стартуваше со него. Прво вели дека сум ѓубре, дека сум му се заканувал и дека сум го заплашувал, кажа толку многу бесмислици. Потоа во едно интервју во 2016 година вели дека сака да игра со мене во Франција. Тој се потсмева со целиот свет. Мора да престане да измислува работи, ме полудува кога го прави тоа, ме полудува кога продолжува да лаже! Сето она околу секс снимката започна со него, потребно беше само да ја каже вистината и да не измислува работи – вели Бензема во своето обраќање за „Лекип“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top