Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ја поднесе претставката пред Уставниот суд за оценка на законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ истакна дека секој мора да ги почитува процедурите во оваа држава, дека не може мнозинството во Собранието да прави што сака.
– Тој како претставник на мнозинството во парламентот имал легитимитет да е претседател. Се разбира, но дури и мнозинството во парламентот мора да ги почитува процедурите, тоа не значи дека мнозинството во парламентот може да прави што сака. Дополнително како што кажав, во име на тие притисоци кои што ги спомнавте, дека очекувал уставните судии да не одлучуваат по тоа дали била уставна или не одлуката, бидејќи тоа ќе било мешање во ингеренциите на Собранието, односно мешање во работата на мнозинството во парламентот. Тоа е една смешна и опасна теза и ако така функционираме во оваа држава, ова ќе биде еден преседан кој што во иднина секој ќе го користи на начин каков што сака. Секој еден пат кога ќе се користи се помалку и помалку ќе имаме правна држава, односно држава, изјави Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уставниот суд на 19 септември ќе ги разгледува иницијативите за поништување на одлуката за распишување на референдум
-
Џафери: Ако референдумот пропадне, одлучуваат институциите
-
Атанас Илиевски: Пајче, да се надеваме дека ќе дојде ден да проговориш од обвинителна клупа
-
СМК поднесе инцијатива до Уставен суд за поништување на одлуката за референдум