Џејмс Хјуит (59), поранешниот љубовник на принцезата Дајана, се бори за живот во болница откако претрпел мозочен удар по тешкиот инфаркт.
Хјуит беше почитуван офицер кој со години беше во врска со принцезата Дајана додека таа беше во несреќниот брак со принцот Чарлс.
Лекарите тврдат дека Хјуит има мали шанси да преживее и да закрепне. Се шпекулира дека токму тој е биолошкиот татко на принц Хари, кој моментално е на петтото место по ред кон британскиот престол, после татко му, принцот Чарлс, постариот брат – принцот Вилијам – и неговите две деца.
Хјуит и принцот Хари многу си личат физички поради што медиумите долго време пишуваа дека токму Хјуит е неговиот татко. Самиот Хјуит пред неколку недели ги негираше државните медиуми изјавувајќи дека многу му е жал што 32-годишниот принц мора да се справува со тие шпекулации:
На прашањето од новинарите дали тој е таткото на принц Хари, тој одговорил кратко.
-Не, јас не сум биолошкиот татко на принц Хари. Сигурно овие гласини потешко му паѓаат на принцот Хари отколку мене – изјавил Хјуит.
Принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз во 1997 година. Пет години беше во љубовна афера со Хјуит, кој беше нејзиниот учител за јавање коњ.
Принцезата во 1995 година призна дека тие двајца се заедно.
-Дајана имаше нешто посебно. Таа е некој во кој е многу лесно да се вљубиш. Верувам дека поради тоа повеќето ќе ме разберат и ќе ми простат за тоа – додал Хјуит.
Извори блиски до Бакингамската палата негираа дека принцот Чарлс не му е биолошкиот татко на принц Хари наведувајќи дека тој е роден многу долго пред принцезата Дајана да стапи во вонбрачна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Принцот Хари донесе неочекувана одлука за животот на нероденото дете
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!