Мирко Миочиќ, најпознатиот хрватски учесник во бројните квизови на знаење, починал денеска на 61 година во општата болница во Задар по компликации со запаление на белите дробови, објавија медиумите во таа земја.
Миочиќ во март завршил во болница поради компликации поврзани со дијабетес, а поради што му беа ампутирани и двете нозе.
Заради неговото огромно знаење луѓето го нарекоа „Гугл во движење“, а учествувал на квизови повеќе од триесетина години, од познатата „Квискотека“, до „Кој сака да биде милионер“, сѐ до последниот настап во улога на ловец во „Потера“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.