| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Брижит Макрон се изнервира: Во 21 век во Франција има сексистички напади

Тифен Озиер ќерката на француската прва дама Брижит Макрон, застана во одбрана на мајка си обвинувајќи ги политичките опоненти за љубомора по мизогинијата и нападите нападите врз Брижит.

Тифен е на листата кандидати на партијата на Макрон, за пратеник на парламентарните избори, а за мајка си проговори по низата машки сексистички навреди на сметка на нејзините години.

Во интервју непосредно пред инаугурацијата на Емануел Макрон, 32-годишната адвокатка за медиумите вели „мислам дека не може да се остане рамнодушен кон тоа и иако не сакам да давам важност на луѓе кои се способни да конструираат нешто такво, неверојатно и нечуено е дека во Франција во 21 век да се случуваат такви напади.. Сигурно дека нешто такво не би било наменето кон некој маж политичар или кон партнер на политичарка. Затоа сметам дека во основа лежи љубомора и дека сето тоа е многу невкусно и непримерно“.

-Во реалноста, наспроти тоа, се сретнувам со луѓе кои се воодушевуваат на тоа што таа го работи, на нејзината работа, ангажманите, вклученоста. Ако луѓето немаат што друго да прават, нека повелат, тоа само повеќе ќе не зближи- додава ќерката на француската прва дама.

Брижит Макрон исто како сопругот пораснала во Амиенс каде нејзиното семејство водело бизнис со чоколада. Има три деца, син и  две ќерки, од првиот брак со еден банкар. Разведена е од 2006 година кога се венчава со Макрон, кого го знае откако му била наставничка за драмска литература во училиште. Парот се сели во Париз, каде Макрон продолжува со учење, а таа продолжува како наставничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top