| четврток, 6 декември 2018 |

Ибракадабра во релаксирана атмосфера се рехабилитира на Флорида

ibrahimovic

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ остана во САД, откако минатата недела го оперираше коленото по тешката повреда здобиена на натпреварот против Андерлехт минатиот месец.

Ибрахимовиќ престојува на Флорида каде заздравува од повредата, а шведските медиуми објавија фотографии од хотелот во кој претстојува Златан со семејството. Навивачите на Јунајтед го поканија и очекуваат дека Ибрахимовиќ на 24 мај ќе се појави во свечената ложа во Стокхлом каде што неговиот клуб ќе го одигра финалето од Лига Европа против Ајакс.

Многу веројатно Швеѓанецот нема повеќе да го гледаме во дресот на „црвените ѓаволи“, бидејќи ова лето истекува неговиот договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top