„Република“ од свои извори дознава дека многу веројатно ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на координaцијата кај нелегално избраниот Талат Џафери. За ВМРО-ДПМНЕ тој е само пратеник и е избран во незаконска постапка.
– Тој во моментов е, а веројатно така ќе остане и понатаму, узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Инаку, утрешната координација Џафери ја повика со цел да најде решение за мандатот на локалната власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.