Вејн Руни е далеку од посакуваната форма на фудбалски план, а нема среќа ниту во коцкањето, откако беше обелоденето дека англискиот репрезентативец изгубил дури 500.000 фунти за само два часа во казиното „Манчестер 235“. Тој играл рулет и блекџек на огромни влогови, откако лошо му тргнало почнал да се обидува да се врати, но тоа само придонело на почне да тоне во „дупка без дно“.
– Беше невeројатно како ги губеше парите, секоја минута тој беше во минус илјадници и илјадници фунти. На рулет инсистираше да игра на црвено, плус на некои бројки, но немаше среќа. Истовремено играше и на масата за блекџек во непосредна близина, но и таму беше во дебел минус. Неговиот проблем е што мисли дека среќата го следи, но вистината е дека е предалеку од врвните играчи во казино, сите го видовме тоа – изјави еден од гостите на казиното за таблоидот „Сан“.
Руни пишуваше за проблемите со коцкањето во дел од својата автобиографија, наведувајќи дека сопругата Колин со честите разговори успеала да му помогне во надминувањето на оваа зависност. Фактот дека Колин токму тој викенд се наоѓала на патување со нивните деца е јасен доказ дека проблемот сепак не е решен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.