
Земјотрес со магнитуда од 4,2 степена според Рихтеровата скала е почувствуван изутрината во 04 часот и 08 минути во Скопје и околината, што е со поголема јачина од првично објавенните 4 степени.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 13 километри источно од Скопје на длабочина од два километра.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар првично објави дека земјотресот е со јачина од 3,9 по Рихтер, за веднаш потоа да ревидира на 4 степени, а според последните податоци истиот бил со јачина од 4,2 степени.
Граѓаните во пижами излегоа на улиците во страв од нов удар. Сите се уште се извадени до памет од минатогодишниот земјотрес во септември, поради што денешниот земјотрес уште повеќе ги исплаши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


