Кире Лазаров и Борко Ристовски славеа уште една рутинска победа со Барселона во шпансклата АСОБАЛ лига. Каталонците кои веќе ја обезбедија шампионската титула, на домашен терен го победија Пуенте Хенил со 37-29 и ја запишаа 28.победа во 28.коло во АСОБАЛ лигата. По триумфот на ракометарите на Барселона им беше врачен и шампионскиот пехар.
Кире Лазаров постигна два гола од шест обиди, со кои стигна до вкупна бројка од 950 погодоци во АСОБАЛ лигата постигнати во изминатите седум години во кои настапуваше прво за Сиудад реал и за Атлетико Мадрид, а во изминатите четири години во дресот на Барселона.
Борко Ристовски го заврши мечот со седум одбрани од кои и еден седмерец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.