| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп ги одбра овие три земји за првата посета и тоа со важна причина

Американскиот претседател Доналд Трамп следниот петок тргнува на своето прво патување надвор од земјата како претседател на САД. Првите три земји кои ќе ги посети се Саудиска Арабија, Израел и Италија, во обид да ги здружи муслиманите, Евреите и христијаните во борбата против тероризмот, соопшти денес Белата куќа.

Советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер на пресконференцијата во Белата куќа изјави дека Трамп во Израел ќе ја потврди непоколебливата поврзаност на Америка со еврејската држава, пренесува „Ројтерс“.

На состаноците со палестинскиот претседател Махмуд Абас, ќе изрази желба за достоинство и самоопределување на Палестинците, наведе Мекмастер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top