Дека природата не поднесува вакуум е клише, но, исто така, предуслов за непроменливите закони на природата. И уште еднаш, ние сме сведоци на непроменливите правила на физичкиот свет што се пресликуваат и во човековата активност, особено во надворешната политика, пишува Мајк Гонзалес во коментар објавен на „Дејли сигнал“.
Прилог А е Европа источно од јазот Фулда, каде што назначените лица од страна на Обама се уште се ја диктираат американска политика и една група сенатори имаше напната размена со борбениот водач на Унгарија.
Да разјасниме, вели Гонзалес, не постои вакуум во власта кога станува збор за жаришта како што се Авганистан, Северна Кореја и Сирија, каде што Министерството за одбрана под администрацијата на Трамп дејствуваше одлучно. Државниот секретар Рекс Тилерсон, исто така, лично се справи со рускиот фронт.
Светот е голем, а Тилерсон, сепак, е само еден човек. Отсуството на помошници на секретарот за Африка, Европа, Азија, Блискиот Исток, Јужна Азија и за западната хемисфера ги остави овие области без насока.
Празнината ќе биде пополнета со други.
Единаесет сенатори (двајца републиканци и девет демократи) на 19 април напишаа писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан, изразувајќи загриженост за закон, како што велат тие, што има за цел да се затвори на Централноевропскиот универзитет, акредитиран американски универзитет во Будимпешта.
„Централноевропскиот универзитет стана еден од највисоко рангираните универзитети во Европа, со нови можности и престиж за унгарските државјани, напишаа сенаторите.“ … Овој закон и се заканува на академската слобода и ја занемарува долгогодишната врска што Централноевропскиот универзитет ја има со унгарскиот народ.”
Она што групата сенатори, вклучувајќи и моќни личности како Џон Мекејн и Даен Фајнстајн не го спомнаа е главниот проблем. Универзитетот е основан и финансиран од страна на американскиот милијардер Џорџ Сорос, по потекло од Унгарија, кој го користи своето огромно богатство за да се залага за прогресивни каузи во светот.
Гонзалес потсетува дека Орбан, во својот одговор на сенаторите, отворено го критикуваше Сорос, спомнувајќи го шест пати во краткото писмо од една страница.
„Во нашата земја, законите се донесени од страна на избраните претставници, врз основа на нашиот Устав”, Орбан го започнува официјално писмо, кое што го имам видено.
Откако ги уверуваше сенаторите дека Уставот на Унгарија ја гарантира слободата на образование и истражување, премиерот додаде, „секоја претпоставка за прекршување на овие принципи од страна на Националното собрание на Унгарија е неразумно.”
„Би сакал да ве уверам дека никој не сака да го затвори Универзитетот на Џорџ Сорос”, пишува тој, додавајќи дека соросовата мрежата на невладини организации во Централан Европа Централниот европски се во срцето на она што Орбан го нарекува „меѓународна кампања на дезинформации против Унгарија.“
„Универзитетот е само изговор”, додаде Орбан. „Вистинскиот проблем, рече тој, е желбата на Сорос за Унгарија да ги отвори своите граници за мигрантите.
Унгарија, напиша Орбан, наскоро ќе подготви закон според законот за регистрација на странски агенти во САД, за кој се потребни агенти што ги претставуваат интересите на странските влади во еден „политички или квази-политички капацитет”.
Универзитети, особено странските, се строго регулирани од целиот свет, и либералите никогаш не избегнувале регулација на училиштата, особено верските. Во исто време, точно е дека многу американски научници ја повторија загриженоста на сенаториет за тоа дали потезите на Орбан ќе имаат застрашувачки ефект врз академската слобода.
Орбан не може лесно да се присили да направи нешто. Тој со право се обидува да ја спаси унгарската независност од вмешување од страна на Европската унија. Но, тој, исто така, флертуваше со пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, противник на Америка и Западот.
Поддржката за левичарските каузи за кои се залага Сорос, сепак, ги разгневува потенцијалните американски сојузници. Меѓу другото, Сорос ја поддржува декриминализацијата на проституцијата и поседување на дрога и менување на Уставот на Ирска за да се дозволи абортус.
Да се биде од страна на тоа може да и ја канибализира политичката поддршка од странски политичари, и да предизвика политичките партии во овие региони да се свртат повеќе кон опортунистичката дипломатија на Путин.
Шест републикански сенатори напишаа писмо до Тилерсон во кое бараат од него да испита дали во времето на претседателот Барак Обама, Стејт Департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој соработувале со групи финансирани од Сорос за спроведување на прогресивна агенда и поттикнување на политичката левица. Нивното писмо никогаш не стигна до Тилерсон, и нивното барање за истрага беше игнорирано.
Назначувањето на помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој ќе ја одреди политиката на администрацијата на Трамп и ќе назначи свои заменици и ќе пренесува информации до Тилерсон ќе помогне на сето ова.
Во моментов, европската политика за овој регион ја води Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар на САД од ерата на Обама, кој се чини дека има непријателски однос не само кон Унгарија, туку и кон Македонија и Албанија. Ји продолжува да ја дава својата поддршка на левичарските политичари и каузи во регионот, без одобрение или благослов од Белата куќа, Националниот совет за безбедност, па, дури и од Тилерсон.
Изглед дека назначувања се одложени поради претстојна реорганизација на Стејт департментот. Тоа не значи дека е лоша работа. Администрацијата на Трамп изјави за „Политико“ минатиот месец дека „претседателот нема да назначи специјален претставник на ОН за климатските промени.” Значи, да, нешто од тоа може да биде добро.
Но, потребни ни се политички назначувања во главните места. Да не заборавиме, Првата светска војна з
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.