Од понеделник сите општини ќе бидат под целосна блокада, а тоа најмногу ќе се одрази на граѓаните, изјави градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во интервју за ТВ НОВА.
Тој потсети дека и досега општините функционираа со 70 проценти капацитет и ограничени можности и надлежности, меѓутоа од понеделник нема да може да биде потпишан ниту еден документ.
Јакимовски апелираше да не се решаваат парламентарните проблеми на грбот на локалната самоуправа и итно да бидат распишани нови локални избори.
„Од понеделник сите општини ќе бидат под блокада. Имено, сите служби и раководители на сектори работат по овластување на градоначалникот, тие овластувања прекинуваат. Не може да се потпише ниту еден документ. Дури нема да можат да бидат склучени ни бракови, а сето ова поради тоа што некој си ги мери силите и го предизвикува револтот на граѓаните. Вработените во локалната самоуправа и училиштата нема да можат да земат плати, зашто средствата доаѓаат од владата на сметка на локалната самоуправа и со блок дотации одат кон училиштата и градинките, а на тоа претходи потпис од градоначалникот. Ова значи дека тие нема да можат да добијат пари ни за функцијата, ниту пак за електрична енергија, со што практично ќе се случи блокада кај целиот локален систем“, изјави Јакимовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Со овој договор треба да се откажеме од човековите права на нашето национално малцинство во Бугарија
-
Куп-титулата на Карпош Соколи слета во општината, Јакимовски вети премии
-
Јакимовски: Од обврзницата на СДСМ плативме 72 милиони евра камата после 10 години, затоа треба да се суди некој
-
Јакимовски: Во 18 часот протест на ГРОМ пред Уставниот суд за одбрана на македонските институции