| четврток, 6 декември 2018 |

Турските инвестиции поголеми од БДП на 130 држави

турција инвестицииВкупната сметка на проектите од јавниот и приватниот сектор што Турција планира да ги реализира во блиска иднина изнесува повеќе од домашниот бруто-производ на 130 држави во светот, пренесува агенцијата „Анадолија“. Турција се фокусираше на големи финансиски проекти во транспортот, инфраструктурата, енергетиката и одбраната. Вкупната финансиска вредност на 21 проект е над 138 милијарди долари, што е повеќе од БДП на Унгарија, со БДП од 127 милијарди долари, Либија – 82 милијарди долари, Луксембург со 57 милијарди долари, Бугарија и Узбекистан 51 милијарда долари, Словенија – 45 милијарди долари.

Меѓу најскапите проекти се двете атомски централи во Акују и во Синоп, каналот Истанбул, што ќе ги поврзува Црно Море со Мраморно Море, со што ќе се олесни сообраќајот преку Босфор, ќе чини 15 милијарди долари, додека третиот аеродром во Истанбул чини 10 милијарди долари.  Меѓу значајните проекти се и подводниот канал Мармарај, трет мост над Босфор, инвестициите во армијата за нов турски воен хеликоптер и нов тенк.

Според некои пресметки, овие проекти чинат повеќе од заедничките БДП на 40 држави, меѓу кои е наведен и македонскиот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top