Седумдесет и пет дена сме тука поради лагите, лагите влијаат на нашата мотивација и решение да го дотераме ова до крај, посочи од пред Собранието Борис Дамовски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
-Денеска тие кршители на меѓународните права го држеа за раче уплашениот лажен претседател на Собрание. Сета оваа лага, ова насилие врз народот и демократијата ќе се реши по правен пат. Брилијантни правни умови ни се приклучија во борбата, нашата тужба, народната тужба е еден роман за страдањето на народот под притисокот на политичките елити во Македонија и меѓународната заедница. Секоја точка, секој настан ќе биде обработен. Секој прекршок ќе биде оптужен. Драги мои Македонци, граѓани на Македонија нè чека патот на правдата, како што не чекаше и патот на државноста. Правдата е достижна, но духовната болка никој не може да ја плати, истакна Дамовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЗЗМ поднесува иницијатива за оценување на уставноста на изборот на Џафери
-
За заедничка Македонија: Граѓани на Македонија нè чека патот на правдата (Галерија)
-
Илиевски: Претседателе, бранете ги интересите на граѓаните и Уставот
-
„За Заедничка Македонија“ 73 ден: Отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата (Галерија)