Турската полиција го приведе главниот уредник на интернет изданието на дневниот веник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен.
Според весникот „Џумхуриет“ Ѓувен е приведен поради непознати причини. Ѓувен на Твитер напиша „Приведен сум“.
Турската државна новинска агенција Анадолија јави дека Ѓувен е приведен поради информација за загинувањето во сообраќајна несреќа на главниот обвинител во округот Денизли.
Главниот обвинител во округот Денизли, Мустафа Алпер и неговиот возач загинаа откако нивното возило удри во камион на 10 мај.
Алпер беше првиот главен обвинител кој почна истрага против движењето на Фетулах Ѓулен (ФЕТО), кое е обвинето за неуспешниот обид воен удар на 15 јули 2016 година.
Неколку турски новинарски организации, како и главната опозициска партија Републиканска народна партија побараа ослободување на Ѓувен.
Вкупно 12 новинари и директори на опозицискиот весник „Џумхуриет“ во моментот се во затвор под обвинение за тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Ненадејно почина српскиот новинар Борис Триван, уредник на порталот „NOIZZ“
-
Си-Ен-Ен: Саудијците се подготвени да го признаат убиството на новинарот Кашоги