Веќе стана нормално Македонија да биде светски пример за глупости на надворешните фактори. Да, убаво би било кога би станале пример за нешто позитивно од нив, но ние не сме со таква среќа. Прво, станавме американски и глобален пример за Соросов ангажман во уривањето на власт во една држава, посредно, чин преку УСАИД, спонзориран со милиони долари на американските граѓани, а сега сме на пат и за ново ендемско дејство на меѓународната заедница. Ќе бидеме ли синоним и урнек за модерна квинслиншка и наместена Влада? Ќе го засени ли Зоран Заев Видкун Квислинг? Замислете само извештај на „Фокс њуз“ во кој репортерот известува за „Заевата влада“ на некој си Чин Бо Хва во Северна Кореја, колаборационист и соработник на САД…
Како и да е, светот одамна не видел ваква приземна, неинвентивна и од авион очигледна пристрасна амбасадорска офанзива. Во мирновременски услови, ретко каде се случила и се случува ваква модерна дипломатска лакрдија каква што минатите три години се одвива во Македонија. Мислевте дека „Министерството за смешно одење“ на Монти Пајтон е добра бурлеска? Замислете само како би изгледало македонското „Министерство за дипломати-лакрдијаши“, институција одделена од МНР, која би се занимавала со психолошките проблеми на казнетите дипломати, кои поради очајноста на претходно сработената задача, се принудени да одат во земја од два милиона, а во неа да сработуваат и одработуваат повеќе отколку во многу поголеми држави. Дипломатски таксират, чијшто интензитет го намалуваат само нивните „момчиња“.
„Дипломатска“ класика: Навиени марионети со идентичен вокабулар
Како „навиени“ марионети на лента со идентичен вокабулар, па дури и со иста фацијална експресија, гледаме како во бранови се менуваат ликовите на странските кукли, кои механички одобруваат сѐ што ќе сторат СДС без М и нивните тирански коалиционери. Колку и тоа да ја урива унитарноста на Македонија каква што ја знаеме, факт што, очигледно, воопшто и не ги засега. Речникот им е ист до точка и запирка, а повеќе од симптоматично, на исто прашање истите синхронизирано замолкнуваа и го извртуваа одговорот. Прашањето беше: „Ја осудувате ли тиранската платформа?“ Следуваше молк, видливо позеленување на амбасадорската „големост“ и несоодветно „туц-муц“ без одговор во него, проследено со „навежбано“ и целосно извртување. Те не биле тие што требало да одговорат (а претходно истиот Тимоние ни кажувал дека морало да се оформи Влада), де зборувале за убавото време и етничките односи (Хан во интервјуто), те партиите биле тие што требало во парламентот да дискутираат за „отворените прашања“ (Хојт Ји) итн. итн. итн.
Народот за ова вели „дрн-дрн јариња“, а странците го нарекуваат дипломатски вокабулар. Благодарение на „професионалните“ опозициски медиуми, пак, спонзорирани од истиот тој странски фактор, нивните изливи на тоа што им тежи на душичките (читај тоа што им тежи на Заев, Села, Касами и Ахмети) добиваа прекрасен одглас во медиумите. Небаре, некого, навистина, го интересира што мислат Бејли, Пломп, Алтхаузер, Стефансон, Гарет, Суомалаинен или кој и да е друг од т.н. Заеви емисари. Настрана, небаре некој не знае што ќе кажат проѕирните ликови. Замислете, колкаво изненадување би било кога кој било од нив, со еден, единствен збор би го осудил дејствувањето на Заев или на кој и да е од тиранистите? Тоа би било вистинско откровение, кое, за жал, очигледно, нема да го доживееме. Макар, доживеале и „стотка“.
Амбасадори со манири на шерифи од вестерн
Ах, да. Да не ги заборавиме и секојдневните безобразлуци на шизиците, кои напати личат на шерифи во Тумбстон, а не на сериозни дипломати во Скопје. Дузина пати бевме сведоци на бизарна и непринципиелна поддршка на параинституции како СЈО, заканувачки шетања по судови, министерства, постојана поддршка на галеничињата од СДС без М и Беса, проткаена со константна офанзива и напади врз ВМРО-ДПМНЕ. Сега и на незаконски избран „претседател“ на Собрание и протежирање влада, која, верувале или не, никако да се откаже од, за нив, непостојната тиранска платформа. А сѐ што бара претседателот Иванов е тоа. Ништо повеќе. Од друга страна, за СДС без М и за нивните тирански коалиционери, сега засилени со пет-шест дипломатски шерифи, доволно било што тоа излегло во „Службен весник“?! Демек, писанието незаконско во „службениот“ значи откажување од тиранските глупости.
Во меѓувреме, меѓународната заедница си го потврди називот „Заево алиби“. По којзнае кој пат, „чесниот“ лидер и самонаречен муртински спасител избегна судско рочиште со помош на омилените амбасадори. Последно, тоа беше средбата со ОБСЕ, најновото алиби за одложување на „Поткуп“. Претходеа редица други амбасадори, кои секогаш кога требаше хокеарски се менуваа и пожртвувано „скокнуваа“ за да го спасат своето милениче. Но до каде оди недоветноста на амбасадорите и потценувањето на македонската јавност и народ? Зар, навистина, мислат дека некој поверува во сказната дека Заев и амбасадорката Суомалаинен немале и не можеле да најдат друг термин, па нивната толку многу битна средба морала да се одржи во терминот на рочиштето закажано пред еден месец? Само уште една епизода од крајното безобразие, составен дел од деведесет отсто од амбасадорските небулозни дејства во Македонија. Секоја чест на чесните исклучоци, кои не ги ни гледаме, но кои, веројатно, многу се срамат од своите колеги, кои секој ден се истопорени на „малите“ екрани. Да, во меѓувреме и екраните пораснаа, но амбасадориве никако да го сторат тоа…
Амбасадори што не ја прочитале виенската конвенција
Државата треба да ги прошири активностите со кои им помага на невработените. Освен ИТК обуки, обуки на менаџери и какви ли не слични проекти, очигледно, треба под итно да воведе и часови за дел од странските амбасадори. На трошок на македонските граѓани, кои, верувам, со задоволство ќе им подарат многу денари за тоа, Македонија да испрати десетина амбасадори на часови за Виенската конвенција за дипломатски односи, потпишана од сите емисари кај нас.
Потпишана, но не и прочитана. Да ја прочитаа, ќе видеа дека во првиот пасус на членот 41 многу јасно пишува: Не навлегувајќи во нивните привилегии и имунитет, сите лица што уживаат привилегии и имунитет се должни да ги почитуваат законите и прописите на земјата во која се акредитираат. Тие, исто така, се должни да не се мешаат во внатрешните работи на таа држава.
Арно ама, неколкумина дипломати како никогаш во животот да не ја ни виделе оваа конвенција, стара „само“ 57 години. Би било интересно да ги провериме. Да им чепнеме во нивните права и слободи, па да видиме дали ќе се повикаат на неа? Гарантирам дека тогаш наизуст ќе ги цитираат потребните членови од истата таа Виенска конвенција. Како, што и кога ви одговара, особено кога работите во остварување на нечии нелегитимни интереси, нели…
Како контраст на конвенцијата што ги регулира правата и обврските на амбасадорите во целиот свет, споредете го нивното дејствување во Македонија. Не одете подалеку, иако тие глупости не се забораваат, но сетете се само на нивните дејства во изминатите две недели. Без проблем ја поддржаа пародијата од целосно незаконскиот избор на Талат Џафери, не кажаа ни „А“ за смислената провокација, која предизвика остра реакција на народот (можеби затоа што тие го напишале и сценариото), а во следните денови „верглаа“ без престан за некаква си влада, евроинтеграции, реформи и што ли не. Сосема случајно, сега се поклопуваат со вокабуларот на СДС без М. Споредете ги само соопштенијата од „Павел Шатев“ и изјавите на амбасадорите. Пуста коинциденција, нели…
Кога „бомбите“ ве „скокоткаат“, вистината трпи…
Како сите да заборавија една многу битна работа. Официјално, Заев имаше „бомби“ за најмалку шест амбасадори. Муртинецот имаше и, најверојатно, и ден-денес има интимни разговори на амбасадорите. Им ги даде и транскриптите. Му даде и на Бејли. Споредете ја и бројката на амбасадорите со таа на неговите најсилни емисарски поддржувачи. Исто шест?! Премногу случајности…
За дел од истите разговори, од наши извори знаеме дека имало повеќе од интимни детали. На еден од нив било и „гугукање“ на еден европски амбасадор со неговото ново момче, домар во неговата резиденција.
Да, „Неверните Томи“ ќе речат дека амбасадорот ја претставува политиката на својата земја и не дејствува на своја рака. Така е на хартија, во таа фамозна Виенска конвенција, а видовме и како некој си го брише задникот со неа. Од друга страна, нивните матични земји се раководат од извештаите создадени токму од овие амбасадори и од нивните вработени, т.е. подредени. Упс, па од каде да знаеме што пренесуваат тие за случувањата во Македонија, особено ако се лично заинтересирани и „дозаинтересирани“ со редица снимени интимни разговори?
Сетете се само на секојдневните извештаи на Соросовите медиуми, чиишто новинари се тесно поврзани со другите медиумски филијали на амероунгарскиот „филантроп“, на статиите во „Стандард“, „Шпигел“ и во редица други алчни корисници на истата, дарежлива града.
Бевме сведоци како неколку македонски бизнисмени и моќници наеднаш се „сетија“ на некои работи, ископаа недоветни ретроприказни, жестоко се истопорија станувајќи бедем, настрана и финансиери на СДС без М. Чуму истото не би се случило и со неколку амбасадорчиња, толку небитни за матичните земји, кои и така битисувањето во нашата Македонија го гледаат како казна. Од нивна гледан точка, зошто таков „невиден капацитет“ како нивниот да пропаѓа во земја, која, сосема „случајно“, е на некаква си линија на огнот. Па чуму казнетите и да не искористат нешто од казната и од „грешката“ на својата матична земја?
Сепак, нивниот главен проблем е во нивната проѕирност. Не можете, а да не забележите кога некој постојано и во континуитет одобрува незаконски глупости и преседани. Го потценија ли овие дипломатски кловнови македонскиот народ? Времето ќе покаже, но наскоро истото ќе го стори и извештајот на првиот човек на американската „Правосудна куќа“, републиканскиот конгресмен Боб Гудлат, кој ја предводи 15-члената делегација на итна мисија на Балканот и во Македонија. Иницирачка каписла се доказите за политички фаворизирања од ерата на Барак Обама на штета на граѓаните, локалните институции и на регионалната стабилност. Во најава на доаѓањето, Американците изјавија: „Тешко е да се замисли дека делегацијата ќе добие непристрасни информации од амбасадите, кои биле високи интервенционисти во локалната политика во согласност со значајни заедници во секоја земја“.
Да, белки, ќе прашаат и некој друг освен амбасадорот и вработените. Конгресмените ги очекуваат многу грди и запрепастувачки одговори…
Русјаков: Сеќавање на Хитлер и на Мусолини и поддршката на Квислинг
Што човек, воопшто, да каже за оската на злото што македонските политички полтрони ја нарекуваат меѓународна заедница, прашува режисерот и писател Александар Русјаков, кој е во „дилема“ дали САД, ЕУ и НАТО се меѓународна заедница или, барем според неговата терминологија, се оска на злото од западната декадентна „цивилизација“.
Русјаков: Со САД владее „дип стејт“. ЕУ е слуга на парите на „дип стејт“ и на Сорос. НАТО е окупаторска, терористичка организација. Иднината еден ден ќе го потврди ова. Децата на идната цивилизација ќе ги учат како злосторници, наследници на Наполеон, Хитлер и Сталин. И јас сега треба да коментирам нешто за нивното однесување по повод државниот удар од 27 април, кој тие го поддржаа. Исто како „меѓународната заедница“ на Хитлер и на Мусолини што ги поддржа Квислинг и таквите како него.
По 25 години терор врз независна Македонија, воопшто не ме изненади ова однесување на таканаречената меѓународна заедница. Злосторници, криминалци и психопати какви што се, дејствуваат лицемерно и со двојни аршини во светот, во зависност од користа што ја имаат и како ќе ги зафати лудилото на моќта.
Погледнете ги само тие лицемери како се распослале низ светот. За нив беше легитимно кога во Украина маршираа фашисти и палеа живи луѓе, затоа што тоа им одговараше. На Албанците во Албанија им кажуваат дека изборите ќе бидат легитимни и без учество на опозицијата. Во Србија се на страната на тие стотина искеширани хистерици од Соросовите гасни комори. Во Македонија поздравуваат директно мешање на други држави во нашите внатрешни работи, поздравуваат кршење на Устав и постојано се закануваат од позиција на сила. Да не ги набројувам сега сите нивни злосторства и тирании што ги спроведоа низ светот. Ама ќе даде Господ еден ден, ќе си го сркаат пеколот што им го дробеа на други. Или тие или нивните потомци.
Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 245. број на неделникот „Република“, 12.5.2017)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.