| четврток, 6 декември 2018 |

Како Македониjа стана пример за дипломатска лакрдиjа

Вре­ме ко­га ам­ба­са­до­ри­те „ора­ат“ по Ма­ке­до­ни­ја. Или, се­пак, са­мо по­са­ку­ва­ат да до­би­јат тол­ка­во зна­че­ње. „Офан­зи­ва­та“ им е во тек, но ќе ус­пе­ат ли во ни­е­тот да соз­да­дат вла­да и пос­луш­ни­ци спо­ред пред­ви­де­ни­от лик и по­тре­би? Ка­ко „на­ви­е­ни“ ма­ри­о­не­ти со иден­ти­чен во­ка­бу­лар, па ду­ри и со иста фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја, гле­да­ме ка­ко во бра­но­ви са­мо се ме­ну­ва­ат ли­ко­ви­те на стран­ски­те кук­ли, кои ме­ха­нич­ки одо­бру­ва­ат сѐ што ќе сто­рат СДС без М и ти­ран­ски­те ко­а­ли­ци­о­не­ри. Но, ка­ко си­те да за­бо­ра­ви­ја ед­на мно­гу бит­на ра­бо­та. Офи­ци­јал­но, За­ев има­ше „бом­би“ за нај­мал­ку шест ам­ба­са­до­ри. Мур­ти­не­цот има­ше и има ин­тим­ни раз­го­во­ри на ам­ба­са­до­ри­те? Им ги да­де и транс­крип­ти­те. Спо­ре­де­те ја и број­ка­та на еми­са­ри­те со таа на не­го­ви­те нај­сил­ни еми­сар­ски под­др­жу­ва­чи. Исто шест?! Прем­но­гу слу­чај­но­сти...

Ве­ќе ста­на нор­мал­но Ма­ке­до­ни­ја да би­де свет­ски при­мер за глу­по­сти на над­во­реш­ни­те фа­кто­ри. Да, уба­во би би­ло ко­га би ста­на­ле при­мер за не­што по­зи­тив­но од нив, но ние не сме со та­ква сре­ќа. Пр­во, ста­нав­ме аме­ри­кан­ски и гло­ба­лен при­мер за Со­ро­сов ан­гаж­ман во ури­ва­ње­то на власт во ед­на др­жа­ва, по­сред­но, чин пре­ку УСАИД, спон­зо­ри­ран со ми­ли­о­ни до­ла­ри на аме­ри­кан­ски­те гра­ѓа­ни, а се­га сме на пат и за но­во ен­дем­ско дејс­тво на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Ќе би­де­ме ли си­но­ним и ур­нек за мо­дер­на квинс­лин­шка и на­ме­сте­на Вла­да? Ќе го за­се­ни ли Зо­ран За­ев Вид­кун Квис­линг? За­мис­ле­те са­мо из­ве­штај на „Фокс њуз“ во кој ре­пор­те­рот из­ве­сту­ва за „За­е­ва­та вла­да“ на не­кој си Чин Бо Хва во Се­вер­на Ко­ре­ја, ко­ла­бо­ра­ци­о­нист и со­ра­бот­ник на САД…

Ка­ко и да е, све­тот одам­на не ви­дел ва­ква при­зем­на, не­ин­вен­тив­на и од ави­он очиг­лед­на при­страс­на ам­ба­са­дор­ска офан­зи­ва. Во мир­но­вре­мен­ски ус­ло­ви, ре­тко ка­де се слу­чи­ла и се слу­чу­ва ва­ква мо­дер­на дип­ло­мат­ска ла­кр­ди­ја ка­ква што ми­на­ти­те три го­ди­ни се од­ви­ва во Ма­ке­до­ни­ја. Мис­ле­вте де­ка „Ми­ни­стерс­тво­то за смеш­но оде­ње“ на Мон­ти Пај­тон е до­бра бур­ле­ска? За­мис­ле­те са­мо ка­ко би изг­ле­да­ло ма­ке­дон­ско­то „Ми­ни­стерс­тво за дип­ло­ма­ти-ла­кр­ди­ја­ши“, ин­сти­ту­ци­ја од­де­ле­на од МНР, ко­ја би се за­ни­ма­ва­ла со пси­хо­ло­шки­те проб­ле­ми на каз­не­ти­те дип­ло­ма­ти, кои по­ра­ди очај­но­ста на прет­ход­но сра­бо­те­на­та за­да­ча, се при­ну­де­ни да одат во зем­ја од два ми­ли­о­на, а во неа да сра­бо­ту­ва­ат и одра­бо­ту­ва­ат по­ве­ќе откол­ку во мно­гу по­го­ле­ми др­жа­ви. Дип­ло­мат­ски та­кси­рат, чиј­што ин­тен­зи­тет го на­ма­лу­ва­ат са­мо нив­ни­те „мом­чи­ња“.

 

„Дипломатска“ класика: Навиени марионети со идентичен вокабулар

Ка­ко „на­ви­е­ни“ ма­ри­о­не­ти на лен­та со иден­ти­чен во­ка­бу­лар, па ду­ри и со иста фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја, гле­да­ме ка­ко во бра­но­ви се ме­ну­ва­ат ли­ко­ви­те на стран­ски­те кук­ли, кои ме­ха­нич­ки одо­бру­ва­ат сѐ што ќе сто­рат СДС без М и нив­ни­те ти­ран­ски ко­а­ли­ци­о­не­ри. Кол­ку и тоа да ја ури­ва уни­тар­но­ста на Ма­ке­до­ни­ја ка­ква што ја зна­е­ме, факт што, очиг­лед­но, во­оп­што и не ги за­се­га. Реч­ни­кот им е ист до точ­ка и за­пир­ка, а по­ве­ќе од симп­то­ма­тич­но, на исто пра­ша­ње исти­те син­хро­ни­зи­ра­но за­молк­ну­ваа и го из­вр­ту­ваа од­го­во­рот. Пра­ша­ње­то бе­ше: „Ја осу­ду­ва­те ли ти­ран­ска­та пла­тфор­ма?“ Сле­ду­ва­ше молк, вид­ли­во по­зе­ле­ну­ва­ње на ам­ба­са­дор­ска­та „го­ле­мост“ и не­со­од­вет­но „туц-муц“ без од­го­вор во не­го, прос­ле­де­но со „на­веж­ба­но“ и це­лос­но из­вр­ту­ва­ње. Те не би­ле тие што тре­ба­ло да од­го­во­рат (а прет­ход­но исти­от Ти­мо­ние ни ка­жу­вал де­ка мо­ра­ло да се офор­ми Вла­да), де збо­ру­ва­ле за уба­во­то вре­ме и ет­нич­ки­те од­но­си (Хан во ин­терв­ју­то), те пар­ти­и­те би­ле тие што тре­ба­ло во пар­ла­мен­тот да ди­ску­ти­ра­ат за „отво­ре­ни­те пра­ша­ња“ (Хојт Ји) итн. итн. итн.

На­ро­дот за ова ве­ли „дрн-дрн ја­ри­ња“, а стран­ци­те го на­ре­ку­ва­ат дип­ло­мат­ски во­ка­бу­лар. Бла­го­да­ре­ние на „про­фе­си­о­нал­ни­те“ опо­зи­ци­ски ме­ди­у­ми, пак, спон­зо­ри­ра­ни од исти­от тој стран­ски фа­ктор, нив­ни­те из­ли­ви на тоа што им те­жи на ду­шич­ки­те (чи­тај тоа што им те­жи на За­ев, Се­ла, Ка­са­ми и Ах­ме­ти) до­би­ваа пре­кра­сен одг­лас во ме­ди­у­ми­те. Не­ба­ре, не­ко­го, на­ви­сти­на, го ин­те­ре­си­ра што мис­лат Беј­ли, Пломп, Алт­ха­у­зер, Сте­фан­сон, Га­рет, Су­о­ма­ла­и­нен или кој и да е друг од т.н. За­е­ви еми­са­ри. На­стра­на, не­ба­ре не­кој не знае што ќе ка­жат про­ѕир­ни­те ли­ко­ви. За­мис­ле­те, кол­ка­во из­не­на­ду­ва­ње би би­ло ко­га кој би­ло од нив, со еден, единс­твен збор би го осу­дил дејс­тву­ва­ње­то на За­ев или на кој и да е од ти­ра­ни­сти­те? Тоа би би­ло ви­стин­ско откро­ве­ние, кое, за жал, очиг­лед­но, не­ма да го до­жи­ве­е­ме. Ма­кар, до­жи­ве­а­ле и „сто­тка“.

 

Амбасадори со манири на шерифи од вестерн

Ах, да. Да не ги за­бо­ра­ви­ме и се­којд­нев­ни­те без­о­браз­лу­ци на ши­зи­ци­те, кои на­па­ти ли­чат на ше­ри­фи во Тумб­стон, а не на се­ри­оз­ни дип­ло­ма­ти во Скоп­је. Ду­зи­на па­ти бев­ме све­до­ци на би­зар­на и не­прин­ци­пи­ел­на под­др­шка на па­ра­ин­сти­ту­ции ка­ко СЈО, за­ка­ну­вач­ки ше­та­ња по су­до­ви, ми­ни­стерс­тва, по­сто­ја­на под­др­шка на га­ле­ни­чи­ња­та од СДС без М и Бе­са, про­тка­е­на со кон­стант­на офан­зи­ва и на­па­ди врз ВМРО-ДПМНЕ. Се­га и на не­за­кон­ски из­бран „пре­тсе­да­тел“ на Со­бра­ние и про­те­жи­ра­ње вла­да, ко­ја, ве­ру­ва­ле или не, ни­ка­ко да се отка­же од, за нив, не­по­стој­на­та ти­ран­ска пла­тфор­ма. А сѐ што ба­ра пре­тсе­да­те­лот Ива­нов е тоа. Ни­што по­ве­ќе. Од дру­га стра­на, за СДС без М и за нив­ни­те ти­ран­ски ко­а­ли­ци­о­не­ри, се­га за­си­ле­ни со пет-шест дип­ло­мат­ски ше­ри­фи, до­вол­но би­ло што тоа из­лег­ло во „Служ­бен вес­ник“?! Де­мек, пи­са­ни­е­то не­за­кон­ско во „служ­бе­ни­от“ зна­чи отка­жу­ва­ње од ти­ран­ски­те глу­по­сти.

Во ме­ѓу­вре­ме, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца си го по­твр­ди на­зи­вот „За­е­во али­би“. По којз­нае кој пат, „чес­ни­от“ ли­дер и са­мо­на­ре­чен мур­тин­ски спа­си­тел из­бег­на суд­ско ро­чи­ште со по­мош на оми­ле­ни­те ам­ба­са­до­ри. Пос­лед­но, тоа бе­ше сред­ба­та со ОБСЕ, нај­но­во­то али­би за од­ло­жу­ва­ње на „По­ткуп“. Прет­хо­деа ре­ди­ца дру­ги ам­ба­са­до­ри, кои се­ко­гаш ко­га тре­ба­ше хо­ке­ар­ски се ме­ну­ваа и по­жр­тву­ва­но „скок­ну­ваа“ за да го спа­сат сво­е­то ми­ле­ни­че. Но до ка­де оди не­до­вет­но­ста на ам­ба­са­до­ри­те и пот­це­ну­ва­ње­то на ма­ке­дон­ска­та јав­ност и на­род? Зар, на­ви­сти­на, мис­лат де­ка не­кој по­ве­ру­ва во сказ­на­та де­ка За­ев и ам­ба­са­дор­ка­та Су­о­ма­ла­и­нен не­ма­ле и не мо­же­ле да нај­дат друг тер­мин, па нив­на­та тол­ку мно­гу бит­на сред­ба мо­ра­ла да се одр­жи во тер­ми­нот на ро­чи­ште­то за­ка­жа­но пред еден ме­сец? Са­мо уште ед­на епи­зо­да од крај­но­то без­о­бра­зие, со­ста­вен дел од де­ве­де­сет от­сто од ам­ба­са­дор­ски­те не­бу­лоз­ни дејс­тва во Ма­ке­до­ни­ја. Се­ко­ја чест на чес­ни­те иск­лу­чо­ци, кои не ги ни гле­да­ме, но кои, ве­ро­јат­но, мно­гу се сра­мат од сво­и­те ко­ле­ги, кои се­кој ден се исто­по­ре­ни на „ма­ли­те“ екра­ни. Да, во ме­ѓу­вре­ме и екра­ни­те по­рас­наа, но ам­ба­са­до­ри­ве ни­ка­ко да го сто­рат тоа…

analiza245-zaev-albansko-zname

Амбасадори што не ја прочитале виенската конвенција

Др­жа­ва­та тре­ба да ги про­ши­ри актив­но­сти­те со кои им по­ма­га на не­вра­бо­те­ни­те. Освен ИТК обу­ки, обу­ки на ме­на­џе­ри и ка­кви ли не слич­ни про­е­кти, очиг­лед­но, тре­ба под ит­но да во­ве­де и ча­со­ви за дел од стран­ски­те ам­ба­са­до­ри. На тро­шок на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, кои, ве­ру­вам, со за­до­волс­тво ќе им по­да­рат мно­гу де­на­ри за тоа, Ма­ке­до­ни­ја да ис­пра­ти де­се­ти­на ам­ба­са­до­ри на ча­со­ви за Ви­ен­ска­та кон­вен­ци­ја за дип­ло­мат­ски од­но­си, пот­пи­ша­на од си­те еми­са­ри кај нас.

Пот­пи­ша­на, но не и про­чи­та­на. Да ја про­чи­таа, ќе ви­деа де­ка во пр­ви­от па­сус на чле­нот 41 мно­гу јас­но пи­шу­ва: Не нав­ле­гу­вај­ќи во нив­ни­те при­ви­ле­гии и иму­ни­тет, си­те ли­ца што ужи­ва­ат при­ви­ле­гии и иму­ни­тет се долж­ни да ги по­чи­ту­ва­ат за­ко­ни­те и про­пи­си­те на зем­ја­та во ко­ја се акре­ди­ти­ра­ат. Тие, исто та­ка, се долж­ни да не се ме­ша­ат во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на таа др­жа­ва.

Ар­но ама, не­кол­ку­ми­на дип­ло­ма­ти ка­ко ни­ко­гаш во жи­во­тот да не ја ни ви­де­ле оваа кон­вен­ци­ја, ста­ра „са­мо“ 57 го­ди­ни. Би би­ло ин­те­рес­но да ги про­ве­ри­ме. Да им чеп­не­ме во нив­ни­те пра­ва и сло­бо­ди, па да ви­ди­ме да­ли ќе се по­ви­ка­ат на неа? Га­ран­ти­рам де­ка то­гаш на­и­зуст ќе ги ци­ти­ра­ат по­треб­ни­те чле­но­ви од иста­та таа Ви­ен­ска кон­вен­ци­ја. Ка­ко, што и ко­га ви од­го­ва­ра, осо­бе­но ко­га ра­бо­ти­те во ос­тва­ру­ва­ње на не­чии не­ле­ги­тим­ни ин­те­ре­си, не­ли…

Ка­ко кон­траст на кон­вен­ци­ја­та што ги ре­гу­ли­ра пра­ва­та и об­вр­ски­те на ам­ба­са­до­ри­те во це­ли­от свет, спо­ре­де­те го нив­но­то дејс­тву­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја. Не оде­те по­да­ле­ку, иа­ко тие глу­по­сти не се за­бо­ра­ва­ат, но се­те­те се са­мо на нив­ни­те дејс­тва во из­ми­на­ти­те две не­де­ли. Без проб­лем ја под­др­жаа па­ро­ди­ја­та од це­лос­но не­за­кон­ски­от из­бор на Та­лат Џа­фе­ри, не ка­жаа ни „А“ за смис­ле­на­та про­во­ка­ци­ја, ко­ја пре­диз­ви­ка остра ре­ак­ци­ја на на­ро­дот (мо­же­би за­тоа што тие го на­пи­ша­ле и сце­на­ри­о­то), а во след­ни­те де­но­ви „верг­лаа“ без пре­стан за не­ка­ква си вла­да, евро­ин­те­гра­ции, ре­фор­ми и што ли не. Со­се­ма слу­чај­но, се­га се пок­ло­пу­ва­ат со во­ка­бу­ла­рот на СДС без М. Спо­ре­де­те ги са­мо со­оп­ште­ни­ја­та од „Па­вел Ша­тев“ и из­ја­ви­те на ам­ба­са­до­ри­те. Пу­ста ко­ин­ци­ден­ци­ја, не­ли…

 

Кога „бомбите“ ве „скокоткаат“, вистината трпи…

Ка­ко си­те да за­бо­ра­ви­ја ед­на мно­гу бит­на ра­бо­та. Офи­ци­јал­но, За­ев има­ше „бом­би“ за нај­мал­ку шест ам­ба­са­до­ри. Мур­ти­не­цот има­ше и, нај­ве­ро­јат­но, и ден-де­нес има ин­тим­ни раз­го­во­ри на ам­ба­са­до­ри­те. Им ги да­де и транс­крип­ти­те. Му да­де и на Беј­ли. Спо­ре­де­те ја и број­ка­та на ам­ба­са­до­ри­те со таа на не­го­ви­те нај­сил­ни еми­сар­ски под­др­жу­ва­чи. Исто шест?! Прем­но­гу слу­чај­но­сти…

За дел од исти­те раз­го­во­ри, од на­ши из­во­ри зна­е­ме де­ка има­ло по­ве­ќе од ин­тим­ни де­та­ли. На еден од нив би­ло и „гу­гу­ка­ње“ на еден европ­ски ам­ба­са­дор со не­го­во­то но­во мом­че, до­мар во не­го­ва­та ре­зи­ден­ци­ја.

Да, „Не­вер­ни­те То­ми“ ќе ре­чат де­ка ам­ба­са­до­рот ја прет­ста­ву­ва по­ли­ти­ка­та на сво­ја­та зем­ја и не дејс­тву­ва на сво­ја ра­ка. Та­ка е на хар­ти­ја, во таа фа­моз­на Ви­ен­ска кон­вен­ци­ја, а ви­дов­ме и ка­ко не­кој си го бри­ше зад­ни­кот со неа. Од дру­га стра­на, нив­ни­те ма­тич­ни зем­ји се ра­ко­во­дат од из­ве­шта­и­те соз­да­де­ни ток­му од овие ам­ба­са­до­ри и од нив­ни­те вра­бо­те­ни, т.е. по­дре­де­ни. Упс, па од ка­де да зна­е­ме што пре­не­су­ва­ат тие за слу­чу­ва­ња­та во Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но ако се лич­но за­ин­те­ре­си­ра­ни и „до­за­ин­те­ре­си­ра­ни“ со ре­ди­ца сни­ме­ни ин­тим­ни раз­го­во­ри?

Се­те­те се са­мо на се­којд­нев­ни­те из­ве­штаи на Со­ро­со­ви­те ме­ди­у­ми, чи­и­што но­ви­на­ри се тес­но по­вр­за­ни со дру­ги­те ме­ди­ум­ски фи­ли­ја­ли на аме­ро­ун­гар­ски­от „фи­лан­троп“, на ста­ти­и­те во „Стан­дард“, „Шпи­гел“ и во ре­ди­ца дру­ги алч­ни ко­рис­ни­ци на иста­та, да­реж­ли­ва гра­да.

Бев­ме све­до­ци ка­ко не­кол­ку ма­ке­дон­ски биз­нис­ме­ни и моќ­ни­ци на­ед­наш се „се­ти­ја“ на не­кои ра­бо­ти, иско­паа не­до­вет­ни ре­тро­при­каз­ни, же­сто­ко се исто­по­ри­ја ста­ну­вај­ќи бе­дем, на­стра­на и фи­нан­си­е­ри на СДС без М. Чу­му исто­то не би се слу­чи­ло и со не­кол­ку ам­ба­са­дор­чи­ња, тол­ку не­бит­ни за ма­тич­ни­те зем­ји, кои и та­ка би­ти­су­ва­ње­то во на­ша­та Ма­ке­до­ни­ја го гле­да­ат ка­ко каз­на. Од нив­на гле­дан точ­ка, зо­што та­ков „не­ви­ден ка­па­ци­тет“ ка­ко нив­ни­от да про­па­ѓа во зем­ја, ко­ја, со­се­ма „слу­чај­но“, е на не­ка­ква си ли­ни­ја на ог­нот. Па чу­му каз­не­ти­те и да не иско­ри­стат не­што од каз­на­та и од „гре­шка­та“ на сво­ја­та ма­тич­на зем­ја?

Се­пак, нив­ни­от гла­вен проб­лем е во нив­на­та про­ѕир­ност. Не мо­же­те, а да не за­бе­ле­жи­те ко­га не­кој по­сто­ја­но и во кон­ти­ну­и­тет одо­бру­ва не­за­кон­ски глу­по­сти и пре­се­да­ни. Го пот­це­ни­ја ли овие дип­ло­мат­ски клов­но­ви ма­ке­дон­ски­от на­род? Вре­ме­то ќе по­ка­же, но на­ско­ро исто­то ќе го сто­ри и из­ве­шта­јот на пр­ви­от чо­век на аме­ри­кан­ска­та „Пра­во­суд­на ку­ќа“, ре­пуб­ли­кан­ски­от кон­грес­мен Боб Гуд­лат, кој ја пред­во­ди 15-чле­на­та де­ле­га­ци­ја на ит­на ми­си­ја на Бал­ка­нот и во Ма­ке­до­ни­ја. Ини­ци­рач­ка ка­пис­ла се до­ка­зи­те за по­ли­тич­ки фа­во­ри­зи­ра­ња од ера­та на Ба­рак Оба­ма на ште­та на гра­ѓа­ни­те, ло­кал­ни­те ин­сти­ту­ции и на ре­ги­о­нал­на­та ста­бил­ност. Во нај­а­ва на до­а­ѓа­ње­то, Аме­ри­кан­ци­те из­ја­ви­ја: „Те­шко е да се за­мис­ли де­ка де­ле­га­ци­ја­та ќе до­бие не­при­страс­ни ин­фор­ма­ции од ам­ба­са­ди­те, кои би­ле ви­со­ки ин­тер­вен­ци­о­ни­сти во ло­кал­на­та по­ли­ти­ка во сог­лас­ност со зна­чај­ни за­ед­ни­ци во се­ко­ја зем­ја“.

Да, бел­ки, ќе пра­ша­ат и не­кој друг освен ам­ба­са­до­рот и вра­бо­те­ни­те. Кон­грес­ме­ни­те ги оче­ку­ва­ат мно­гу гр­ди и за­пре­па­сту­вач­ки од­го­во­ри…

 

Русјаков: Сеќавање на Хитлер и на Мусолини и поддршката на Квислинг

Rusjakov-analizaШто чо­век, во­оп­што, да ка­же за оска­та на зло­то што ма­ке­дон­ски­те по­ли­тич­ки пол­тро­ни ја на­ре­ку­ва­ат ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца, пра­шу­ва ре­жи­се­рот и пи­са­тел Але­ксан­дар Рус­ја­ков, кој е во „ди­ле­ма“ да­ли САД, ЕУ и НАТО се ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца или, ба­рем спо­ред не­го­ва­та тер­ми­но­ло­ги­ја, се оска на зло­то од за­пад­на­та де­ка­дент­на „ци­ви­ли­за­ци­ја“.

Русјаков: Со САД вла­дее „дип стејт“. ЕУ е слу­га на па­ри­те на „дип стејт“ и на Со­рос. НАТО е оку­па­тор­ска, те­ро­ри­стич­ка ор­га­ни­за­ци­ја. Ид­ни­на­та еден ден ќе го по­твр­ди ова. Де­ца­та на ид­на­та ци­ви­ли­за­ци­ја ќе ги учат ка­ко зло­стор­ни­ци, нас­лед­ни­ци на На­по­ле­он, Хит­лер и Ста­лин. И јас се­га тре­ба да ко­мен­ти­рам не­што за нив­но­то од­не­су­ва­ње по по­вод др­жав­ни­от удар од 27 април, кој тие го под­др­жаа. Исто ка­ко „ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца“ на Хит­лер и на Му­со­ли­ни што ги под­др­жа Квис­линг и та­кви­те ка­ко не­го.

По 25 го­ди­ни те­рор врз не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја, во­оп­што не ме из­не­на­ди ова од­не­су­ва­ње на та­ка­на­ре­че­на­та ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца. Зло­стор­ни­ци, кри­ми­нал­ци и пси­хо­па­ти ка­кви што се, дејс­тву­ва­ат ли­це­мер­но и со двој­ни ар­ши­ни во све­тот, во за­вис­ност од ко­ри­ста што ја има­ат и ка­ко ќе ги за­фа­ти лу­ди­ло­то на мо­ќта.

Пог­лед­не­те ги са­мо тие ли­це­ме­ри ка­ко се рас­пос­ла­ле низ све­тот. За нив бе­ше ле­ги­тим­но ко­га во Укра­и­на мар­ши­раа фа­ши­сти и па­леа жи­ви лу­ѓе, за­тоа што тоа им од­го­ва­ра­ше. На Ал­бан­ци­те во Ал­ба­ни­ја им ка­жу­ва­ат де­ка из­бо­ри­те ќе би­дат ле­ги­тим­ни и без учес­тво на опо­зи­ци­ја­та. Во Ср­би­ја се на стра­на­та на тие сто­ти­на иске­ши­ра­ни хи­сте­ри­ци од Со­ро­со­ви­те гас­ни ко­мо­ри. Во Ма­ке­до­ни­ја поз­дра­ву­ва­ат ди­рект­но ме­ша­ње на дру­ги др­жа­ви во на­ши­те вна­треш­ни ра­бо­ти, поз­дра­ву­ва­ат кр­ше­ње на Устав и по­сто­ја­но се за­ка­ну­ва­ат од по­зи­ци­ја на си­ла. Да не ги на­бро­ју­вам се­га си­те нив­ни зло­сторс­тва и ти­ра­нии што ги спро­ве­доа низ све­тот. Ама ќе да­де Гос­под еден ден, ќе си го ср­ка­ат пе­ко­лот што им го дро­беа на дру­ги. Или тие или нив­ни­те по­том­ци.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 245. број на неделникот „Република“, 12.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top