| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија жртва на линијата на огнот

Ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни и нив­ни­те со­се­ди има­ат тра­ди­ци­ја, осо­бе­но во те­шки вре­ми­ња, да ве­ру­ва­ат во конс­пи­ра­тив­ни те­о­рии. Бли­ско­то и да­леч­но­то ми­на­то на овие про­сто­ри ни да­ва­ат за пра­во да се пла­ши­ме од си­те игри на го­ле­ми­те си­ли, на кои нај­че­сто не­ма­ме ни­ка­кво вли­ја­ние или, пак, има­ме со­се­ма ма­ло вли­ја­ние

 

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња во Ма­ке­до­ни­ја и ре­ги­о­нот се дел од поз­на­та­та ма­три­ца на не­до­вер­ба и страв од не­поз­на­то­то. Оваа спе­ци­фич­на пси­хо­ло­шка си­ту­а­ци­ја за­чи­не­та со из­ја­ви од ти­пот „Ма­ке­до­ни­ја се на­о­ѓа на ли­ни­ја­та на ог­нот ме­ѓу Ру­си­ја и САД“, иска­жа­ни од др­жа­вен се­кре­тар на нај­моќ­на­та др­жа­ва на све­тот, ги пра­ви овие стра­во­ви по­ре­ал­ни. Не­каз­ну­ва­ње­то на из­ја­ви­те од ти­пот „Ќе се обе­ди­ни­ме со Ко­со­во ако не нѐ при­ми­те ит­но во ЕУ“ на про­те­же­то на за­па­дот Еди Ра­ма е са­мо уште еден по­ка­за­тел де­ка те­о­ри­и­те на за­го­вор не се са­мо праз­ни му­а­бе­ти.

И, на­ви­сти­на, што ги на­те­ра ЕУ, САД и НА­ТО во слу­ча­јот со Ма­ке­до­ни­ја ди­рект­но да го ур­нат прин­ци­пот на вла­де­е­ње на пра­во­то и на прав­ни­те про­це­ду­ри, а Ру­си­ја ка­ко ни­ко­гаш прет­ход­но да се ин­во­ли­ви­ра во вна­треш­ни­те пра­ша­ња на Ма­ке­до­ни­ја, за ко­ја ни­ко­гаш прет­ход­но не по­ка­жу­ва­ла по­се­бен ин­те­рес. Ако ра­бо­та­та бе­ше во­о­би­ча­е­на и ре­дов­на, ако на­ви­сти­на ин­те­ре­сот на го­ле­ми­те си­ли бе­ше би­тка про­тив ко­руп­ци­ја и по­го­ле­ма де­мо­кра­ти­ја, ЕУ и САД мо­жеа да по­че­ка­ат не­кол­ку ме­се­ци за да за­вр­шат устав­ни­те, за­кон­ски­те и де­лов­нич­ки­те про­це­ду­ри во ма­ке­дон­ски­от пар­ла­мент по што со мир­но ср­це ќе мо­жеа да го приз­на­ат Та­лат Џа­фе­ри за спи­кер, а За­ев за пре­ми­ер.

Кр­ва­ви­от на­пад на де­се­ти­ци на­сил­ни­ци на Со­бра­ни­е­то, за кој си­те што те­паа мо­ра да од­го­ва­ра­ат во сог­лас­ност со за­ко­ни­те, не е до­вол­на при­чи­на да се ле­ги­ти­ми­ра кр­ше­ње­то на за­ко­нот од стра­на на ко­ја би­ло по­ли­тич­ка пар­ти­ја. При­фа­ќа­ње­то во­ну­став­ни про­це­ду­ри по кои во „Служ­бен вес­ник“ се пот­пи­шу­ва за­ме­ник-пре­тсе­да­вач на гру­па ко­ја, по­крај си­те дру­ги ано­ма­лии, не­ма ни про­сто мно­зинс­тво зна­чи са­мо ед­но. Не­што го­ле­мо се го­тви во гло­бал­на­та куј­на, а Ма­ке­до­ни­ја не мо­же да вли­јае врз ре­цеп­тот на го­ле­ми­те зем­ји.

 

Конс­пи­ра­ци­и­те има­ат ре­ал­на зад­ни­на

Врз ос­но­ва на прет­ход­но на­пи­ша­но­то и дру­ги­те ин­фор­ма­ции што ги до­би­ва­ме од свет­ски­те и од ре­ги­о­нал­ни­те ме­ди­у­ми, иа­ко тре­ба да се има го­ле­ма ре­зер­ва во сѐ што го пи­шу­ва­ат за Ма­ке­до­ни­ја срп­ски­те и ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми, пр­ви­от зак­лу­чок е де­ка „ли­ни­ја­та на ог­нот“ е акти­ви­ра­на и де­ка за неј­зи­но гас­не­ње ќе тре­ба да се да­дат се­ри­оз­ни жр­тви.

Се раз­би­ра, во на­ша­та ре­ал­ност не тре­ба да оче­ку­ва­ме сце­на­рио од аме­ри­кан­ски филм во кој по­жар­ни­ка­ри­те го да­ва­ат жи­во­тот за спас на гра­ѓа­ни­те, ту­ку, на­про­тив, по­жар­ни­ка­ри­те што ди­ри­ги­ра­ат од­да­ле­ку пр­во ќе се оби­дат со ло­кал­ни ре­сур­си, од­нос­но со ло­кал­ни жр­тви да ги згас­нат ог­но­ви­те на Ке­ри. Кон­крет­но во би­тка­та ме­ѓу САД и Ру­си­ја, ко­ја очиг­лед­но трае во на­ши­от атар, ка­ко пр­ви жр­тви пад­наа ма­ке­дон­ски­те за­ко­ни, со­бра­ни­ски­от де­лов­ник и устав­ни­те про­це­ду­ри. Кој е на­ред­ни­от че­кор и што сѐ се под­го­тве­ни го­ле­ми­те си­ли да вмет­нат во игра­та ка­ко ко­ла­те­рал­ни жр­тви не знае ни­кој од нас.

kol245-gm-edi-rama

Ма­ке­дон­ски­от дел од пе­ко­лот са­мо мал дел од оп­шта­та сли­ка

Се­кој што мал­ку по­до­бро е упа­тен знае де­ка на­чи­нот на вла­де­е­ње на ВМРО-ДПМНЕ во пос­лед­на­та де­це­ни­ја, и по­крај си­те об­ви­не­ни­ја, про­пу­сти и гре­шки, не мо­же да би­де до­вол­на при­чи­на за ре­чи­си на­сил­но ури­ва­ње на устав­ни­от по­ре­док и на це­ло­куп­ни­от по­ли­тич­ки си­стем од стра­на на на­ши­те стра­те­шки парт­не­ри ЕУ и НА­ТО. Ако иста­та ма­три­ца бе­ше упо­тре­бе­на, пред сѐ, во Ал­ба­ни­ја, Цр­на Го­ра, но и во Ср­би­ја, то­гаш ќе мо­жев­ме да раз­бе­ре­ме де­ка За­па­дот ре­шил да се прес­ме­та со си­те де­мо­крат­ски ано­ма­лии на Бал­ка­нот и со­о­че­ни со прин­ци­пи­ел­на опе­ра­ци­ја ќе не­мав­ме мно­гу про­стор за раз­ви­ва­ње ка­кви би­ло те­о­рии, нај­мал­ку конс­пи­ра­тив­ни. Но, ако гле­да­ме де­ка Еди Ра­ма се за­ка­ну­ва со вој­на и со ме­ну­ва­ње на гра­ни­ци­те кои, спо­ред из­ја­ви­те на де­се­ти­ци европ­ски и аме­ри­кан­ски прет­став­ни­ци, се све­тост, а при­тоа ни­кој не му од­го­во­ри јас­но и остро ка­ко што тре­ба со на­сил­ник, ра­бо­ти­те се во нај­ма­ла ра­ка чуд­ни.

Глав­ни­от страв кај се­кој нор­ма­лен гра­ѓа­нин е де­ка Ма­ке­до­ни­ја е дел од гло­бал­на­та раз­вр­ска за зо­ни­те на вли­ја­ние на го­ле­ми­те си­ли. „Ог­нот на Ке­ри“ и „ин­те­ре­сот на Мос­ква“ за на­ша­та со­стој­ба е об­је­ктив­на при­чи­на за страв, осо­бе­но во си­ту­а­ци­ја ко­га САД и Ру­си­ја се во фа­за „топ­ло – лад­но“, ко­га сѐ уште не се знае да­ли во САД ќе по­бе­ди по­ли­ти­ка­та на Трамп за по­до­бру­ва­ње на од­но­си­те со Ру­си­ја и исто­вре­ме­но по­ка­жу­ва­ње му­ску­ли пред до­маш­на­та јав­ност или стру­ја­та на не­о­кон­зер­ва­тив­ци­те, кои има­ат до­вол­но иде­о­ло­шки и биз­нис при­чи­ни за конф­ликт со Ру­си­ја, ко­ја по ин­тер­вен­ци­ја­та во Си­ри­ја се оби­ду­ва да ги про­ме­ни гра­ни­ци­те на неј­зи­на­та, пред сѐ, дип­ло­мат­ска моќ.

 

САД со пред­ност пред Ру­си­ја

За раз­ли­ка од Ру­си­ја, ко­ја на за­пад­но-бал­кан­ски­от же­жок те­рен има са­мо вер­бал­на кам­па­ња, ком­би­на­ци­ја од свои ме­ди­у­ми и со­ци­јал­ни мре­жи, и емо­тив­на, пред сѐ, но­стал­гич­на под­др­шка од лу­ѓе­то што сме­тат де­ка пра­вос­лав­ни­те вр­ски и се­ќа­ва­ња­та на го­ле­ма­та Цр­ве­на ар­ми­ја се до­вол­ни за ре­ал­но парт­нерс­тво, Ва­шин­гтон е во по­до­бра по­зи­ци­ја. САД во ре­ги­о­нот има­ат парт­нер што е под­го­твен на сѐ, а ал­бан­ски­от парт­нер на Ва­шин­гтон во Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во и во Ма­ке­до­ни­ја не е под кон­тро­ла за­тоа што по­стои љу­бов ме­ѓу нив, ту­ку за­тоа што знае де­ка со­ра­бо­т­ка­та со Бе­ла­та ку­ќа се­ко­гаш до­се­га но­се­ла бе­не­фи­ции.

И ту­ка не е важ­но да­ли е тоа при­ем во НА­ТО за Ти­ра­на, да­ли е тоа соз­да­ва­ње вто­ра ал­бан­ска др­жа­ва на Ко­со­во или до­би­ва­ње ста­тус на кон­сти­ту­ти­вен на­род во Ма­ке­до­ни­ја за Ал­бан­ци­те, кои се ме­ѓу 17 и 25 про­цен­ти од на­се­ле­ни­е­то. По­важ­но е де­ка Ал­бан­ци­те, Ко­сов­ци­те и ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци, кои по број­ност се ме­ѓу во­деч­ки­те гру­пи во све­тот што да­ва­ат бор­ци за ИСИС (чи­ја­што иде­о­ло­ги­ја е зас­но­ва на омра­за и уни­шту­ва­ње на САД), ќе на­пра­ват сѐ што е по­треб­но за­тоа што со тоа, пред сѐ, ќе ги ис­пол­нат сво­и­те на­ци­о­нал­ни пла­но­ви.

kol245-gm-alb-us-flag-puzzle

Ин­те­ре­си­те на Ал­бан­ци­те и на САД се сов­па­ѓа­ат!

Пла­но­ви­те на Ал­бан­ци­те и на САД во мо­мен­тов, ка­ко и мно­гу­па­ти прет­ход­но, се сов­па­ѓа­ат. При­по­ју­ва­ње­то на Јуж­на Ср­би­ја кон Ко­со­во и по­доц­на кон Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја, за ко­ја се за­ла­га Еди Ра­ма, е на ли­ни­ја на аме­ри­кан­ски­те ин­те­ре­си. Со вле­зот на Пре­ше­во, Бу­ја­но­вац и Мед­ве­ѓа во Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја се за­до­во­лу­ва­ат ет­нич­ки­те ас­пи­ра­ции на Ал­бан­ци­те пре­зен­ти­ра­ни во При­зрен­ски­те ли­ги, а во исто вре­ме се пре­се­ку­ва еден од ре­тки­те на­чи­ни на кои Ру­си­ја пре­ку Ср­би­ја мо­же да из­ле­зе на топ­ли мо­ри­ња. Со вле­зот на Цр­на Го­ра во НА­ТО, од­нос­но со ели­ми­ни­ра­ње­то на огром­ни­от ру­ски ка­пи­тал и вли­ја­ние во зем­ја­та на Ѓу­ка­но­виќ, САД ос­тва­ри­ја огром­на по­бе­да во про­дол­же­ни­е­то на Сту­де­на­та вој­на. До­кол­ку сце­на­ри­ја­та за но­ва бал­кан­ска вој­на, во ко­ја цел ќе би­де Пре­шев­ска­та До­ли­на фор­мал­но да се при­пои кон ал­бан­ски­те про­сто­ри, се ви­сти­ни­те, мо­же­ме да ги нај­де­ме и дел од од­го­во­ри­те за кри­за­та во Ма­ке­до­ни­ја иа­ко за го­лем дел од при­чи­ни­те и са­ми­те сме ви­нов­ни.

kol245-gm-putin

Ќе се­ди ли ма­дро Ру­си­ја?

Ако се сле­ди ма­три­ца­та на конф­ли­ктот што гло­бал­но се во­ди ме­ѓу САД и Ру­си­ја, Мос­ква пре­ку Бел­град ни­ко­гаш не­ма да доз­во­ли втор по­раз за кра­ток пер­и­од, а тој да се слу­чи во ист ре­ги­он. По гу­бе­ње­то на Цр­на Го­ра од сво­ја­та зо­на на вли­ја­ние Пу­тин ќе сто­ри сѐ за да го обе­ли обра­зот, осо­бе­но ко­га не е во пра­ша­ње са­мо имиџ ту­ку и мно­гу ва­жен ме­ѓу­на­ро­ден ко­ри­дор, кој со авто­пат ги по­вр­зу­ва Ун­га­ри­ја и со­лун­ско­то при­ста­ни­ште, а по­стои мож­ност на­ско­ро со ки­не­ски па­ри пре­ку не­го да ми­ну­ва и мо­дер­на су­пер­бр­за же­лез­ни­ца ко­ја, пред сѐ, ќе се ко­ри­сти за транс­порт на ки­не­ски про­из­во­ди до Евро­па. На тие што сле­дат кол­ку ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Трамп е лу­та на Гер­ма­ни­ја за неј­зи­ни­те тр­гов­ски по­зи­ции тре­ба да им е јас­но зо­што и ЕУ и САД ќе на­пра­ват сѐ за да ели­ми­ни­ра­ат уште еден ка­нал пре­ку кој Ки­на ка­ко гла­вен тр­гов­ски ри­вал на За­па­дот ќе ги ури­ва европ­ски­те и аме­ри­кан­ски­те про­из­во­ди­те­ли.

Ма­ке­до­ни­ја мо­же са­мо да че­ка и да се на­де­ва

За жал, Ма­ке­до­ни­ја во мо­мен­тов не­ма моќ ни­ту да се огра­ди од овие про­це­си, со прог­ла­су­ва­ње не­ка­ква не­у­трал­ност по при­ме­рот на Ав­стри­ја и Швај­ца­ри­ја, а по фи­ја­ско­то со спро­ве­ду­ва­ње­то на пре­су­да­та на Свет­ски­от суд на прав­да­та во Хаг не­ма ни­ту жел­ба да по­ви­ка на прин­ци­пи­ел­ност во спро­ве­ду­ва­ње­то на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и прин­ци­пи утвр­де­ни со по­вел­ба­та на Обе­ди­не­ти­те на­ции.

Единс­тве­на­та на­деж на Ма­ке­до­ни­ја во мо­мен­тов се САД и Ру­си­ја на гло­ба­лен план да по­стиг­нат не­ка­ков до­го­вор за не­на­па­ѓа­ње и со тоа да до­би­е­ме не­кол­ку го­ди­ни или де­це­нии мир и ста­бил­ност, во кои ќе се оби­де­ме др­жа­ва­та од ре­чи­си би­на­ци­о­нал­на да ја пре­тво­ри­ме во гра­ѓан­ска.

 

(Текст објавен во 245. број на неделникот Република, 12.05.2017)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top