| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција се приведени 53 поранешни вработени во берзата

poli

Турската полиција приведе денеска 53 поранешни работници во истанбулската берза поради наводни врски со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека го организирал осуетениот обид за преврат во јули минатата година, пишува весникот „Хабертурк“.

Рациите се спроведен рано утринава, а при операцијата на турската полиција е извршен претрес во 70 куќи.

Турското обвинителство наложило притвор за 102 лица во рамките на истрагата.

Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвиненија дека стои зад неуспешниот пуч во Турција.

Околу 40.000 лица се уапсени поради наводни врски со осуетениот обид за преврат, од 15 јули 2016 година. Под истрага беа уште 150.000 лица.

Во рамките на истрагата, околу 145.000 државни службеници, припадници на безбедносните сили и академци се суспендирани или сменети од функциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top