Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша указ за зајакнување на сајбер безбедноста на федералната Влада и заштита на критичната инфраструктура на државата од сајбер напади.
Трамп сличен документ за зајакнати мерки за сајбер безбедност потпиша во јануари, уште првите денови откако стапи на должност, но го повлече со цел да се консултира со различни федерални агенции и експерти. Содржината на новиот претседателски указ се уште не е објавен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.