Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски смета дека СДСМ со најавата дека ќе ја укине радиодифузната такса сака да го партизира јавниот сервис Македонска радио-телевизија и да воспостави целосна контрола врз него ставајќи го целосно кон целосно финансирање преку буџетот. Укинувањето на радиодифузната такса, смета Груевски, нема да ги реши економските проблеми на граѓаните.
– Економските проблеми на граѓаните се решаваат со нови инвеститори кои отвораат нови работни места и го стеснуваат бројот на невработени, а со тоа ги принудуваат работодавачите да ги зголемат платите и тоа да се зголеми животниот стандард. Тоа е основната работа за подобрување за стандардот на граѓаните, а не да им се укине или не радиодифузната такса, што ќе се направи така што ќе се плаќа од буџетот, а од него ќе се скратат средства за некои други значајни инвестиции- изјави Груевски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Македонска Каменица.
Ако нешто води кон целосна контрола на Владата врз Македонската радиотелевизија, укажа Груевски, е тоа токму таа да зависи комплетно од парите од буџетот.
– Во овој случај она што го планира СДСМ е комплетна зависност на државната телевизија МРТ од буџетот. Ако сакаат да ги тераат кон независност треба да ги пуштат на слободниот пазар и да се финансираат од реклами и со радиодифузна такса – рече Груевски.
Во коментар на најавата од СДСМ за изградба на 500 километри автопатска мрежа Груевски потенцира дека нивнот лидер Зоран Заев е добро познат по ветувања коишто не ги остварува. И тоа ветување што е кажано за 500 километри автопат ќе биде уште една голема лага од типот на она ветување кое што своевремено го кажаа дека ќе има по еден вработен во секое семејство.
– 500 километри автопат во Македонија е како да се изгради нов комплетно автопат од Кавадарци преку Велес-Скопје до Белград. Тоа е ветувањето на Заев колку да имаат претстава граѓаните и ако тој изгради десет проценти од тоа треба да бидеме среќни и задоволни, но мислам дека ова ќе биде уште една огромна лага како онаа за вработување по еден член во секое семејство – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски