| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе почне изградбата на експресните патишта Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка

kocani

За еден месец ќе почне изградбата на експресните патишта  Штип – Радовиш и Ранковце – Крива Паланка, со што продолжува да се реализира ветувањето за изградба на шест вакви патни решенија во должина од 130 километри инвестиција од 200 милиони евра.

– Најавивме изградба на експресни патишта и дел од нив се речиси готови, дел се во градба, а дел треба да почнат за еден месец – изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, одговарајќи на новинарски прашања при денешниот увид на реализацијата на проекти во Македонска Каменица.

kocani2

Речиси е готов, потенцира Груевски, експресниот пат од Велес до Штип, со четири ленти, минатиот месец започна изградбата на експресниот пат помеѓу Кочани и Штип, исто така, со четири ленти.

-Стариот пат помеѓу Штип и Кочани останува, а оваа комплетно нова траса од 26 километри треба да заврши за година до година и половина. Во тек на градба е и патот од Градско до Прилеп, исто така со четири ленти – рече Груевски.

kocani3

Тој потенцираше дека се внимавало сите експресни патишта што се градат да имаат стандарди на автопати затоа што се градат комплетно нови.

– Освен патот Штип-Велес, којшто е проширување, останатите се нови траси и се трудиме да бидат согласно стандарди на автопат со исклучок на тоа што немаат шест туку четири ленти. Во некое догледно време, доколку има потреба и доволен број возила, да се прошират со шест ленти само ќе биде потребно проширување, а веќе стандардите за кривини, длабнатини или нагорници се согласно стандардите за автопати- појасни Груевски.

kocani4

Покрај експресните, како што потенцираше, се реновираат или се градат 26 регионални патишта низ целата држава. Кај поголемиот дел се врши обнова, а кај дел со вадење асфалт, гребење и поставување комплетно нов, со одредени проширувања на некои места, поставување странични специјални работи за собирање вода.

kocani5

– Има сериозна градежна експанзија во делот на патиштата, особено кај експресните и регионалните. Тоа е наше ветување пред граѓаните и ние до последен момент се додека имаме можност ќе направиме се што е во нашата можност да ги исполниме нашите ветувања тие да се движат со голема динамика- изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top