Игор Стефановски–Иџе одлично ја стартуваше новата сезона во ЕТЦЦ шампионатот, освојувајќи го четвртото и петтото место на двете трки што се возеа на патеката „Монца“. Македонскиот автомобилист, кој моментно се наоѓа на четвртото место во генералниот пласман, со оптимизам гледа кон следната трка што ќе се вози на патеката „Хунгароринг“ крај Будимпешта.
Иџе и неговиот тим веќе пристигнаа во Будимпешта, а целта е јасна – атак на место на подиумот, за уште еден доказ за формата и високите амбиции на „летечкиот Македонец“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.