Македонски телеком а.д. – Скопје ја задржа водечката позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите три месеци од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).
Приходите од продажба во првите три месеци од 2017 година изнесуваат 2.452 милиони денари, што претставува намалување за 1,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година, соопшти компанијата.
Нето-добивката за првите три месеци од 2017 година е зголемена за 31,7 отсто отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира во нето добивка од 330 милиони денари.
На крајот од првото тримесечје, Македонски телеком има 59,1 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 47,2 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 13,9 отсто споредено со истиот период од 2016 година, со бројката од 214 илјади корисници Македонски телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.
Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првото тримесечје од 2017 година се зголемија за 2,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Базата на DSL корисници бележи благо зголемување од 0,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189 илјади претплатници на широкопојасен интернет.
Македонски телеком во првите три месеци од 2017 година оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно IPTV услугата. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултира со база од 111 илјади корисници на IPTV на крајот од првото тримесечје или зголемување од 6,3 отсто во споредба со истиот период од 2016 година, со што Македонски телеком има 26,5 отсто удел од вкупниот ТВ-пазар, според интерните проценки.
На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 49,4 отсто, според интерните податоци. На крајот од првите три месеци од 2017 година, Македонски телеком има 1.233 илјади корисници на мобилна телефонија, што претставува зголемување за 1,2 отсто во однос на истиот период од претходната година.
Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првото тримесечје од 2017 година се намалени за 4,3 отсто во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на намалeните приходи од мобилниот сообраќај од меѓународни дојдовни повици, како и намалувањето на обемот на мобилниот сообраќај од националните дојдовни повици придружено со намалувањето на цените.
Приходите од неговорни услуги пак, се зголемија за 29,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем податочен сообраќај, како и од зголеменото користење на податочни тарифни модели
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.