Откако пред два дена каталонски „Спорт“ објави дека Кутињо одлучи да го напушти Ливерпул и да се пресели во Барселона, фановите на англискиот гигант го искажаа своето незадоволство од оваа одлука на бразилскиот ас.
Всушност, фановите на „црвените“ неможејќи да се помират со оваа одлука на Кутињо одлучија да го каменуваат скапото Порше на фудбалерот, притоа успевајќи да скршат неколку прозорци.
Доколку двата клуба се договорат за овој трансфер кој би вредел 90 милиони евра, Кутињо, ќе го сруши клупскиот рекорд на Барса, кој моментално е во сопственост на Суарез, откако Уругваецот во 2014 година за 82 милиони евра стана Каталонец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.