| четврток, 6 декември 2018 |

Второ издание на фестивалот „Рилајв“ во Тетово

Првиот музички фестивал „Рилајв“ помина и подобро од очекуваното, а сега тетовци се во пресрет на вториот спектакл, кој ќе се одржи в сабота на 22 јуни кога како главни ѕвезди на настанот ќе гостуваат светски познатиот диџеј и продуцент Баги Беговиќ (Baggi Begovic ) од Холандија, и ветеранот на шпанската сцена Влада Ашанин.

Vlada Asanin

 

Повторно во организација на тетовските кафулиња „Аменезија“, „Медисон“ и „Републик“, во соработка со „Горила продукција“, Спортскиот центар во Тетово ќе ги собере младите луѓе од целиот регион кои се желни за добра забава и за квалитетна електронска музика.

RELIVE 2 - FINAL..

 

Ако првиот фестивал собра неколкуилјадна публика, која со гласни овации ги поздрави домашните Александар Галовски-Пилот, Марга Сол, Дени Бегич и Оливер Петковски, како и ветеранот на електронската музичка сцена, Хуан Алварез, овојпат, на вториот по ред „Рилајв“ тетовци и нивните гости ќе можат да уживаат во музиката на македонските диџеи Александар Галовски и Бранчез. Потоа со диџеј-сет ќе се претстави и Влада Ашанин, кој веќе е 20 години присутен како диџеј и продуцент, а диџејскиот пулт го делел со некои од најголемите имиња, како Mарк Најт, Курд Маверик, Токадиско, Крис Лејк, Дејвид Пен и многу други.

baggi begovic

 

Како врв на вечерта ќе настапи холандската сензација Баги Беговиќ попознат по неговата преработка на легендарната „Смелс лајк тин спирит“ од Нирвана заедно со Рене Амез, но и по бројните ремикси на Рита Ора, Род Стјуарт и Кели Кларксон. Силното присуство на Ибица и како резидент диџеј во најпознатите европски клубови, Баги издигнува еден голем левел во неговата кариера во која се запишани неколку големи соработки со светски познати ѕвезди Тиесто, Ерик Морило и Роџер Санчез.

 

Второто издание на фестивал „Рилајв ќе се одржуви во Спортскиот центар во Тетово на 22 јуни со почеток во 21:00 часот. Влезниците ќе бидат пуштени во предпродажба на 10-ти јуни по промотивна цена од 200 денари, додека пак на врата по цена од 250 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top