| четврток, 6 декември 2018 |

До пред некое време милијардер, сега е без пари

Мајнор, љубител на уметноста и коњите, заработувајќи милијарди на технолошките компании, почнал да купува недвижен имот, уметнички предмети и да се обложува на трките за коњи, поради што неговото богатство почнало вртоглаво да се топи

flying-dollarsМајнор е пионир на технологијата и основач на мрежата ЦНЕТ (CNET), која ја отвори во 1993 година, а ја продаде на почетокот на финансиската криза во 2008 година за 1,8 милијарда долари, како и компанијата „Гранд сентрал комуникејшен“ (GSC), која ја продаде на „Гугл“ за 65 милиони долари.Тој во 2007 години вложил 22 милиони долари во реплика на градот Версај и палати, што почнало да се гради во предградие на Сан Франциско, но и тоа останало недовршено затоа што му недостасувале 15 милиони долари за завршувањето на проектот.

Учествувал на аукциската куќа „Сотеби“ и купувал уметнички дела, меѓутоа, поради доцнење со исплатите за три слики, од него по судски пат е побарано да исплати 6,6 милиони долари.

Куќата што ја купил во Лос Анџелес за 20 милиони долари, ја продал за 11 милиони долари, а разводот со сопругата го чинела повеќе од 100 милиони долари.

Долговите, даноците, пропаднатите вложувања, промашените инвестиции на крајот му го однесоа целото богатство. Мајнор прогласи банкрот изјавувајќи дека „да се биде претприемач, значи и да се прифати финансискиот ризик“.

Според податоците доставени до судот во Лос Анџелес, Мајнор должи 100 милиони долари од 60 различни финансиски институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top