| четврток, 6 декември 2018 |

Јошко Миленковски од следната сезона ќе седи на клупата на реномираниот Зиратбанк

josko-milenkovski

Најтрофејниот македонски одбојкарски стручњак, Јошко Миленковски, во новата сезона ќе го предводи турскиот клуб Зиратбанк.

Миленковски од сезоната 2011/12 беше тренер на Мили Пјанго, со кого последнава сезона стигна до четвртфиналето на турскиот плејоф, а истовремено е и селектор на турската машка одбојкарска репрезентација.

– По шест прекрасни години во Мили Пјанго, време е за нов предизвик. Мили Пјанго, благодарам за се, засекогаш остануваш во моето срце – е пораката која Миленковски денеска ја испрати преку социјалните мрежи.

Зиратбанк го заврши првенството на четвртото место, но очигледно е дека најавува поголеми амбиции за следната сезона во која ќе биде предводен од Миленковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top