| четврток, 6 декември 2018 |

Несекојдневен гест на агентите на КГБ: Путин и колегите на роденден кај шефот (ФОТО)

putin1-640x399
Рускиот претседател Владимир Путин им се придружи на своите поранешни колеги од КГБ за да го прослават роденденот на својот поранешен шеф во Советската тајна агенција.

Лазар Метвејев, кој денеска наполни 90 години, бил првиот човек на резиденцијата на КГБ во Дрезден во 1980-тите, каде што меѓу младите агенти бил и Путин.

putin-640x401 (1)

Рускиот Претседател заедно со уште двајца поранешни агенти, Сергеј Чемезов и Николај Токарев го посотеија Метвејев во неговиот дом во Жулебино, источно од Москва.

Кремљ соопшти дека Метвејев од Путин добил претседателски часовник и копија од „Правда“ која е испечатена токму на неговиот роденден во 1927 година.

putin2-640x398

Сегашниот руски Претседател станал агент на КГБ во 1975 година, а од 1985 до 1990 година служел во Дрезден, Германија. Од службата се пензионираше по колапсот на Советскиот Сојуз.

putin4-640x397

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top