Самодоверба. Друштвеност. Хумор. Особини за кои жените се согласуваат дека е добро да ги имаат мажите па дури и на претек. И кога се работи за физичкиот изглед, и тука жените се согласуваат дека повеќе е подобро. Но, големината не е толку битна колку што мислите, без оглед дали зборуваме за должината на пенисот или висината, пишува Џи-кју.
Научници од универзитетот Чапман испитувале 60058 хетеросексуални мажи и жени, а ги интересирал бројот на нивните сексуални партнери, нивната висина и телесна тежина. Се испоставило дека просечниот број на сексуални партнерти кај мажите и кај жените меѓу 30 и 44 години изнесува 8. Пониските мажи во просек спиеле со 5 жени, а повисоките дури и со 10. Сепак, разликата не е толкава колку што се очекувало.
-Овие резултати покажуваат дека висината е важна кога се работи за бројот на партнери, меѓутоа тешко е да се објасни релативно ограничената варијација во бројот на сексуални партнери со порастот на висината. Истражувањето покажа дека жените сакаат мажи кои се повисоки од нив, па е можно за жените да постои одредека минимална висина на која се согласуваат и сите кои се повисоки од тоа се потенцијални сексуални партнери. Затоа повисоките мажи на крајот имаат ист број сексуални партнерки, вели проф. Дејвид Федерик, раководител на истражувањето.
Мажите со среден индекс на телесна маса имале повеќе партнерки, но веднаш зад нив се дебелковците.
-Мажите кои изгледаат поголемо, посилно и поатлетски по правило имаат повече сексуални партнерки од другите мажи, истакнва Федерик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.