Французинките се жени со стил, а новата прва дама на Франција е уште еден доказ за тоа.
Иако е 25 години постара од сопругот, францускиот претседател Амануел Макрон, и е баба, Брижит изгледа помладо од 64-годишна жена. Барем така велат визажистите. Во создавањето на таквиот впечаток многу ѝ помага стилот, зашто често може да ја видите во фармерки, но се служи и со други трикови.
Иако никогаш јавно не зборувала за начините на кои го одржува својот изглед, лекарот Рос Пери, основач на Косметик клиникс, за „Дејли меил“ изјави дека нејзиното главно оружје е витата и атлетска става и мудро избраната фризура која го отвора лицето, а ги сокрива вратот и сите знаци на стареење. Други стручњаци, пак, велат дека Брижит има навлаки на забите, ботокс и фејслифтинг.
Нејзиниот плакар би го посакале и двојно помлади жени зашто Брижит најчесто може да се види во елегантни фустанчиња, фармерки, па дури и кожени панталони. Првата дама на Франција има многу скап стил и сака дизајнерски парчиња, особено со потписот на Луј Витон. Таа е секогаш во првиот ред на ревиите на Кристијан Диор. Обожава скапи чевли, како оние на Ревивал и Џанвито Роси, не се одделува од својот часовник „хермс“, а јакната што често ја носи чини 1000 евра, а ја потпишува Монклер. Со еден збор, Брижит негува лежерен шик стил и изгледа онака како што многу жени сонуваат дека ќе изгледаат.
Се облекува младешки, во класични и доброскроени парчиња кои ѝ прилиегаат на фигурата. Освен тоа, носи тесни фармерки, сакоа, блузи со едноставни линии и тесни панталони во неутрални бои, а тоа само е гаранција повеќе дека секогаш ќе изгледа елегантно.
Брижит добро си го познава телото, знае што треба да истакне, а што да сокрие, па затоа и изгледа многу самоуверено.
-Таа е рокенрол. Никогаш нема да рече: „Еј, имам 64, не можам да облечам мини, потпетици од 15 цм, фустани без ракави, кожени панталони“, вели Делфин де Канкод за „Л Експрес“.
Иако истражувањата покажуваат дека жените губат дел од косата по педесеттата година, косата на Брижит уште е бујна, а фризерите веруваат дека вградила екстензии на тилот за да добие волумен.
Освен што совршено и мудро ја избрала фризурата, боб со кркми, полн погодок е и бојата. Очигледно е дека многу се грижи и за изгледот на кожата, па затоа и изгледа 10 години помладо. Има релативно малку брчки околу очите и на челото, но има линии околу устата и во аглите на очите, но тоа е затоа што прави многу гримаси. Можно е да користела ботокс и филери во минатот, но суптилно и со добар ефект, тврдат хирурзи, а делови на нејзиниот нос сугерираат дека во некој момент била и на операција на носот.
За витата става сите се согласни дека се работи за ген. Веројатно има брз метаболизам, тонусот на мускулите ѝ е слаб, што знзачи дека не вежба.
Стоматолозите велат дека предните два заба ѝ се посветли од другите, што укажува дека ставала навлаки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.