Претседателот Ѓорге Иванов денеска ја одликуваше Македонската опера и балет со Орден за заслуги за народ. Ова признание МОБ го добива во годината кога одбележува 70 години постоење на Операта и 45 години од манифестацијата „Мајски оперски вечери“.
– Орден за заслуги за народ на Македонија на Македонската опера и балет. Горд на сите основоположници, сегашни афирмирани колеги и идните генерации талентирани Македонци. Благодарност до Претседателот на укажаната чест, како и на уважената публика без која денес не би славеле 7о години постоење на Операта и 45 години Мајски оперски вечери. честитки – напиша на својот профил на „Фејсбук“ Ѓорѓи Цуцковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.