Најмалку 40 лица денеске се повредени, од кои една се наоѓа во сериозна состојба, по двете експлозии пред супермаркет во Патана, на југот од Тајланд, сооопшти полицијата.
Експлозијата се случила околу 14 часот по локално време, на начин што прво експлодирала направа поставена на мотоцикл на паркинг, а потоа експлодирала и камион-бомба, пренесоа француските медиуми.
Во ова погранично подрачје на Тајланд, населено со мнозинско муслиманско население, малајските бунтовници повеќе од една деценија се борат против државната власт, составена од доминантно будистичко население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.